Зошто ги славиме жените

По материјалите на Форевер Велика Британија

Секоја година на 8 март – Меѓународниот ден на жената, светот ги слави женските почетоци, постигнувањата на нежниот пол и го одбележува движењето за права, еднаквост и правда. Празникот го насочува вниманието не само кон социјалните, економските, културните и политичките постигнувања на дамите, но и кон предизвиците со кои тие сѐ уште се соочуваат во цел свет во својот стремеж кон рамноправност на половите.

Пред неколку години движењето #metoo се најде на насловните страници– иницијатива во која жени од цел свет ги споделија своите истории за сексуално вознемирување. Можеби изминавме долг пат во однос на правата на жените, но огромното изобилие од истории кои се појавија како резултат од иницијативата, се доказ дека сѐ уште имаме да поминеме долг пат. Иницијативата покажува и колку се неверојатни жените – нивната сила, способноста да се сплотат и да се поддржат една со друга, нивната великодушност да се охрабруваат меѓусебно, да зборуваат отворено и да се залагаат за тоа во што веруваат. Јасно е дека вреди да го празнуваме Меѓународниот ден на жената, бидејќи дамите заслужуваат да ги чествуваме, но да не ги ограничуваме пофалбите само на еден ден – тие се достојни за почит секој ден, еве само неколку причини зошто…

Ја градат идната генерација

Жените не се само сестри, сопруги, баби и тетки, тие се најмногу мајки. Жените се надарени со исклучителната способност да раѓаат деца кои ќе станат наши идни лидери. Но дури и да не стане мајка во буквална смисла на зборот, жената поседува способност да влијае на другите, да ја промени иднината со совет, амбиција, работа и труд. Само помислете како сме на пат да ја елиминираме разликата во платите меѓу мажите и жените – нашата непопустливост ја подготви почвата за идните поколенија така, како што нашите мајки, тетки и баби ја подготвиле почвата за нас.

Меѓусебно се инспирираат

Има жени чиј прв инстинкт е да се споредуваат со другите жени околу себе. Ова може да доведе до љубомора или чувство на инфериорност, но споредбата не мора да биде негативна. Замислете што би се случило ако наместо да се споредувате со другите, си дозволите да се инспирирате од нив. Дали од колешката која добила зголемување на плата, или кога ќе видите како непозната ја брани својата позиција и нејзиното мислење се слуша. Движењето #metoo е одличен пример за жени кои инспирираа други жени, како и доказ дека ако човек крене глас за нешто во што верува, луѓето ќе обрнат внимание. И да ви се чини дека не правите ништо посебно, некаде можеби има друга жена која мисли како вас, но нема храброст да преземе нешто. Кога таа ќе види како ја застапувате својата позиција, можеби ќе се инспирира да го направи истото.

Исклучително силни и издржливи

Улогата на жената и нејзината сила често се потценувани, но ние лично сме биле сведоци како дами се издигнуваат откако биле паднати. Има многу инспиративни истории како жени надминуваат и најголеми тешкотии – тоа постојано го гледаме во личните доживувања на нашите сопственици на Форевер бизнис, го гледаме и низ целата човечка историја, а и денес сме сведоци на такви историски моменти.

Да погледнеме назад кон Емелин Панкхерст која се бори за право на глас за жените, кон Роза Паркс која ги прекрши ограничувањата на граѓанските права. Во поново време Малала Јусафзаи, која на 19-годишна возраст стана најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир, бидејќи го ризикуваше животот во одбрана на образованието на девојчињата и зајакнувањето на жените. Ако овие забележителни дами не демонстрирале таква сила и издржливост, каде ќе бевме денес? Лесно е човек да отфрли нешто како невозможно, туку треба едноставниот акт да пробаме да го направиме во состојба да подигне планини. Верувајте во себе и ќе ги надминете очекувањата.

Ги поздравуваме жените од минатото, сегашноста и иднината, ги поздравуваме и мажите кои се залагаат за нив и го истакнуваат нивното силно влијание.

Споделете со пријатели:

Нагоре