Зошто да станете МЕНАЏЕР за четири до шест месеци?

Форевер

Маркетинг планот на Форевер е испробан и докажан бизнис модел кој ве наградува финансиски додека расте вашиот бизнис. Дополнителен приход од неколку стотини евра месечно може многу да му помогне на вашиот семеен буџет, но можноста за постигнување вистинска долгорочна финансиска сигурност доаѓа со ниво Менаџер и погоре.

И зошто нивото на менаџер е толку важно? Пред сè, затоа што таму почнуваат „големите пари“. Менаџерите добиваат највисок личен попуст од 18%, што во превод значи импресивни 48% профит од продажбата на мало!

Исто така, нивото ги отвора вратите за различните стимулативни програми на компанијата, како што се Forever2Drive (програмата за автомобил со дополнителни премии за 36 месеци, чија вкупна годишна вредност може да надмине 9.000 евра), програмата Eagle Manager и Глобалното рели (со која заработувате бесплатни патувања до атрактивни дестинации ширум светот), како и програмата Chairman's Bonus .

Првиот чекор

Работната книга „Први чекори до менаџер“ е специјално дизајнирана алатка за планирање на патот до успехот. Создадена со помош на некои од најуспешните светски сопственици на Форевер бизнис, книгата го разложува искачувањето во маркетинг планот на остварливи и лесно разбирливи чекори. Не е случајно што започнува со поставување на детални краткорочни, среднорочни и долгорочни цели, како лични и семејни, така и ориентирани кон бизнисот. Или со други зборови, треба да го дефинирате вашето ЗОШТО: „Зошто сум во Форевер? Што сакам да постигнам? Што можам да постигнам во мојот живот со овој бизнис?

Градење цврста основа за добро структуриран бизнис

Основна навика и деловна дисциплина е да се биде лично активен со 4 б. месечно. Ова се постигнува со балансирана комбинација на лична употреба на производите, со продажба и спонзорство.

Личната употреба го зајакнува вашето верување и ентузијазам, помагајќи ви да изградите односи со клиентите изградени на доверба. Запомнете, моќта на искрената лична препорака е најмоќната реклама.

Добро е постојано да практикувате различни ефективни начини за градење солиден бизнис со крајните клиенти - закажување презентации на производи, препорачување на производите, разговор со луѓе секогаш кога ќе добиете шанса.

Ќе го развивате вашиот бизнис со привлекување нови луѓе, обука и градење тим. Неопходно е да работите со список од 100+ имиња (страници 16-17 од „Први чекори до менаџер“) и да најдете пет клучни луѓе во вашиот тим. „Клуч“ е некој кој се придружува на Форевер за да постигне успех, е подготвен да го следи маркетинг моделот и да преземе постојани секојдневни активности за да го придвижи својот бизнис напред. Наведено во бројки – идеално е да разговарате со најмалку три лица секој ден за деловните можности и двајца за производите. За да го направите ова, треба повторно да се дисциплинирате за да создадете и одржувате навика, инаку вашиот пат до нивото менаџер ќе се одолговлекува.

На каква поддршка може да сметате

Спонзорот најмногу ќе ви помогне и е посветен да ве мотивира да го дефинирате вашето „Зошто?“, да ви го објасни маркетинг планот и активностите за почеток и да ви помогне да останете на курсот. Тој ќе ви помогне да поставите значајни и реални цели и рокови, а потоа постојано да ве потсетува на нив и да го отвори вашиот ум за потенцијалот на бизнисот.

А наградите?

Да се стане менаџер е едно од најнаградуваните достигнувања во Форевер. Тоа значи дека сте работеле напорно и сте на добар пат да станете професионален вмрежувач. И што е најважно, имате потенцијал да искачите уште поголеми висини и да го живеете животот надвор од вашите најлуди соништа.

За да го достигнете нивото на Менаџер во рок од половина година или да се осигурате дека вашите нови партнери ќе го постигнат тоа, треба да имате правилен став, работна етика и посветеност што ќе ви го отвори патот кон неограничени можности во Форевер. Ако го имате вистинскиот начин на размислување, потребни ви се само уште неколку чекори - јасни цели, план со рокови и конзистентни секојдневни активности.

Споделете со пријатели:

Нагоре