Зошто настаните се важни?

Стефан и Тања Стаеви

Во последно време нашите разговори беа за локдауни, ограничувања, мерки и други работи кои не се типични за динамичниот начин на живот на нашето време. И сега конечно настапи моментот за средби и комуникација во живо и ние сме многу среќни што ќе можеме да го доживееме следниот одличен настан заедно со вас и повторно да ги видиме вашите насмевки во живо!

Всушност со голем дел од нашите соработници засега не се познаваме лично и нашата прва средба лице в лице допрва претстои, а со друг дел од вас ќе се потсетиме на подзаборавените времиња. Во секој случај веруваме дека претстојниот Ден на успехот на 4 јуни ќе биде значаен настан за сите и срдечно ве покануваме сите да нѝ се придружите и да прославиме соодветно во Холидеј Ин!

Сепак, дозволете нѝ да ви кажеме зошто мислиме дека настаните на компанијата се толку важни.

Знаете дека мрежниот маркетинг се разликува од традиционалниот бизнис по неколку работи – нема посредници, голем потенцијал за развој и за неограничени доходи, заедницата, слободата и флексибилноста, но можеби најважната работа е ПРИЗНАНИЕТО. Не постои индустрија или работа што ја наградува на тој начин секоја етапа или достигнување – со титула и признание за напорната работа, лично восхитување и значка за секое остварено ниво. Во Форевер тоа е основна вредност и неотповиклив принцип на работа. Секогаш придаваме огромно значење на секое ваше постигнување, бидејќи знаеме дека овде резултатите се постигнуваат со труд и напорна работа. Секоја искачена скала во маркетинг планот на компанијата е чекор напред и лимитот е единствено во вашите раце – кога, како и дали ќе продолжите напред е лична одлука, а да ве охрабриме и да аплаудираме за успехот е наше задоволство и ангажман!

Минатиот месец во блогот на Форевер Македонија публикувавме интересен материјал за моќта на признанието, во кој ја покажавме чисто човечката страна на задоволството од восхитот за секое достигнување Сигурно повеќето од вас го прочитале, но ќе ги цитираме воведните зборови на статијата и тука: „Да се чувствуваме ценети и почитувани е задолжителен елемент на нашата среќа. Признанието за нашите постигнувања – и големи, и мали, е важно за да се зголеми нивото на радост, како кај индивидуите, така и во тимовите.“ Затоа во Форевер високо ги цениме нашите партнери и знаеме дека средината и заедницата се клучни фактори за развој и успех – на крајот на краиштата, човечката природа првично се заснова на стремежот за благосостојба и среќен живот.

Претставете сѝ што се случува кога ќе ги умножиме мотивацијата и ентузијазмот од признанијата неколку пати! Секој соодветно признат член на тимот заразно ги пренесува емоцијата и енергијата на малата заедница, а секоја мала заедница е дел од големата заедница на сопствениците на Форевер бизнис во С.Македонија. Моќта на мултипликацијата не работи само во секојдневните рутински активности во нашата сфера, нели?

И на настан како на настан - на ДЕНОВИТЕ НА УСПЕХОТ секогаш има многу насмевки, позитивно расположение, бурни аплаузи, заразни лични истории и поучни споделени искуства. А резултатот од индивидуалното внимание кон секој што заслужил е дека малите работи водат до големи промени!

Овој пат не пропуштајте да ги поканите сите околу вас – пријател, роднина, сосед, нов соработник, потенцијален партнер, сите од тимот. Ве очекуваме со нетрпение на 4 јуни 2022 во 11.00 часот во Холидеј Ин!

Дојдете заедно да ги прославиме вашите успеси!

Засекогаш Ваши,

Стефан и Тања Стаеви

Генерални директори на Форевер Бугарија и С. Македонија

Споделете со пријатели:

Нагоре