Сами ја избираме нашата иднина
Динамиката на настаните околу нас поврзани со политичката, социјалната и економската состојба е исклучително интензивна. Сѐ повеќе луѓе почнуваат да губат ориентација што точно се случува, дали работите некогаш ќе бидат како пред неколку години и што воопшто ќе се случува не само во далечна, туку и во блиска иднина. Сѐ ова води до состојба на несигурност која ги тера многумина да ја загубат вербата во нормалноста и во сопствената иднина.
И токму во овој момент е многу важно да се потсетиме дека НИЕ и САМО НИЕ сме тие кои го контролираме начинот на размислување и НИЕ и САМО НИЕ сме тие кои можеме да РЕШИМЕ како сакаме да изгледа иднината за нас и што е потребно да направиме за тоа или можеме да продолжиме да се залажуваме себе си дека светот околу нас е основната причина за нашите проблеми.
Изборот е НАШ. Дали ќе чекаме пасивно нештата да се променат, што веројатно нема да се случи. Или да бидеме проактивни земајќи ги работите во СВОИ раце и работејќи здраво за СОПСТВЕНАТА иднина, таква, каква што ние сакаме да биде.
Сега е моментот да ги поставите основите, ако тоа сѐ уште не сте го направиле, на сопствената успешна иднина. Фокусирајте сѐ на тоа ШТО САКАТЕ ДА ПОСТИГНЕТЕ и направете јасна претстава ШТО Е ПОТРЕБНО ДА НАПРАВИТЕ за да може тоа се случи. И не заборавајте дека сите сте привилегирани да располагате со алатка која е достапна и докажано функционална. И тоа е Маркетинг планот на Форевер кој ние не случајно го нарекуваме НАЈДОБРАТА БИЗНИС МОЖНОСТ. Не пропуштајте шанса да се фокусирате на таа можност и да ја споделувате со секој околу вас. Поставете сѝ за цел да им помогнете на колку е можно повеќе луѓе околу вас да успеат со Форевер и тоа ќе биде гаранција за вашиот успех.
Да, ќе има и потешки денови и тоа е нешто сосем нормално. Успехот НИКОГАШ не доаѓа ЛЕСНО и БРЗО. Во секој од вас се крие лидер и успешен човек, но не чекајте некој друг да ја заврши работата место вас. Тоа нема никогаш да се случи. Многумина ги гледаат само проблемите и пречките на патот наместо да се фокусираат на резултатите кои можат да ги постигнат.
Да, ќе имате одбивања, ќе треба да зборувате со многу и со секакви луѓе, да организирате средби и презентации, да патувате, да работите понекогаш и сабота и неделя, а понекогаш и кога не сакате. Но, размислете дали сето ова вреди, ако тоа е единствениот пат кон Дијамант Менаџер, повеќе илјаден месечен доход и финансиска независност. Јас мислам дека вреди, зарем не?
Направете сопствен план за вашиот успех и работете за неговото остварување. Во спротивно, цел живот ќе бидете дел од планот на некој друг.
Верувајте во себе. Секој може да го направи под услов да работи секојдневно и да не се откажува. Сите сте одличи луѓе и јас верувам во вас!
Засекогаш Ваши,
Стефан и Тања Стаеви
Генерални директори на Форевер Бугарија и С. Македонија