Витаминот D и вашето здравје

Форевер Бугарија

Откритието на витаминот D во 1920 год. е кулминацијата на долгото барање на причините за појавата на рахит кај децата и на начинот за негово спречување. Но решавањето на проблемот со рахитот е само почеток на истражувањето каква улога има за човечкото здравје.

Една од најпознатите функции на витаминот D е неговата способност да придонесува за нормалната апсорпција и искористеност на други нутриенти како калциум и фосфор, кои се важни за здравјето на коските, забите и мускулите. Ја поддржува функцијата на имунолошкиот систем и учествува во процесот на клеточна делба. Се смета дека има улога во синтеза на невротрансмитерите како серотонинот, кој се поврзува со расположението.

Витаминот D е еден од тринаесетте витамини, откриени на почетокот на ХХ век од лекари кои ги проучувале состојбите предизвикани од нутритивни дефицити. Оттогаш научниците ги дефинираат витамините како органски хемикалии кои треба да се внесат преку храната, бидејќи не се произведуваат од организмот.

Витамин или не?

Иако витаминот D има стабилна позиција меѓу четирите витамини растворливи во масти, технички гледано, тој не одговара на дефиницијата за тие важни нутриенти. Вистина е дека е незаменлив за доброто здравје, но всушност човечкиот организам може сам да го произведува, а да се добие од храната е релативно тешко, бидејќи го има само во масните риби и жолчките од јајца. Внесениот витамин D со храната треба да се трансформира во телото, за да може тоа да го користи.

Со промената на навиките и начинот на живот денес многу од нас не можат да се потпрат дека нашето тело ќе произведе доволно витамин D на „старомодниот“ начин со изложување на кожата на сонце. Денес сѐ повеќе мораме да се потпреме на додатоците на исхрана, за да го добиеме во доволни количини. И така во современиот свет овој нутриент неочекувано почна да се впишува во научната дефиниција за витамин.

Сончевите зраци може да не се доволни

Природното производство на витаминот D се случува во кожата под дејство на ултравиолетовите сончеви зраци тип B (UVB). Во минатото кога повеќето луѓе засукувале ракави за да работат на полето под жешкото сонце, дефицитот на витаминот D бил реткост. Но со преминувањето на работата од градините и селските стопанства кон затворените канцеларии, ситуацијата се промени. Пигментацијата на кожата исто влијае на производството на сончевиот витамин и затоа луѓето со потемна кожа се изложени на поголем ризик од недостиг.

Според истражувањата, близу 48% од светското население има ниски нивоа на витамин D во крвта. Различни фактори имаат улога за неговиот дефицит, како ограниченото изложување на сонце кое е на прво место. Со исклучок на кратките летни месеци, луѓето кои живеат на ширини над 37 степени северно или јужно од екваторот не добиваат доволно UVB енергија од сонцето за да ги произведат потребните количества витамин D. Истото важи и за оние што поминуваат поголем дел од времето на затворено, како и за тие што користат производи за заштита од сонце. Тоа е пример за неочекувана последица од разумно поведение. Како тогаш истовремено да ја штитите кожата од штетното влијание на ултравиолетовите зраци и да го поддржите здравјето на коските и забите?

Додатоци на исхрана на помош

Решението е во додатоците на исхрана, а една од најдобрите варијанти е новиот производ на Форевер АБСОРБЕНТ-D!

Производот е одличен извор на сончевиот витамин во форма на таблети за џвакање кои ја подобруваат неговата апсорпција. Секоја таблета ви обезбедува 20 микрограми витамин D, за да сте сигурни дека вашиот организам располага со неопходните количества од нутриентот.

Создаден со уникатна комбинација од два витамина – D и E, АБСОРБЕНТ-D не само што придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем и за нормалната состојба на коските, туку помага и за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Природен вкус и боја

Таблетите имаат природен вкус на опунција, наречена уште и бодликава круша. Кактусот опунција расте во полупустинска клима исто како алоето на Форевер. Плодовите на сортата ставена во производот на Форевер, се црвени и на нив се должи пријатната розова боја на таблетите. Бодликавата круша е богата со антиоксиданси и каротеноиди, извор е на витамини и минерали како магнезиум и калиум.

Слаткоста на АБСОРБЕНТ-D се должи на природни и нискокалорични состојки – сорбитол и фруктоза. Но таблетите не се прекумерно слатки, туку се и благо кисели.

Кратки факти за АБСОРБЕНТ-D

  • Една таблета содржи 20 мкг витамин D и 12 мг витамин Е.
  • Витаминот D придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем.
  • Тој помага и за поддршка на нормалната функција на мускулите и состојбата на коските и забите.
  • Производот е збогатен со витаминот E, кој придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
  • Таблети за џвакање за подобра апсорпција на витамин D и удобни за земање во движење.
  • Слатката арома на плодови од опунција се извлекува од природни состојки.
  • Соодветен за луѓе кои работат на затворено.
  • Без вештачки засладувачи и бои. Без глутен и млечни состојки.
  • Сертификати Кошер и Халал.

Споделете со пријатели:

Нагоре