„Моќта на Форевер е моќта на љубовта“

Грег Мон, Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Уверен сум дека рамо до рамо со вас и со Рекс во нашите срца, ќе го продолжиме неговиот Форевер завет — заедно.

На 17 јули се наврши една година откако основачот на Форевер и мој татко Рекс нѐ напушти. Во извесна смисла ми се чини како да се случи вчера, а во друга — како пред цела вечност. Сѐ уште секојдневно го чувствуваме влијанието на Рекс и неговиот пример, додека работиме заедно, за да продолжиме без него да го движиме Форевер напред.

Нѝ недостига на различни начини — ги нема неговите утрински поздрави; исечоците од весници; неговото остроумие; бестрашнoтo, непoколебливо управување; и неговите благи и љубопитни прашања. Знам дека многумина од вас немале можност да се сретнат лично со Рекс, но претпоставувам дека оние кои го познававте имате омилени спомени со него.

Во главата често ми се врти една од омилените фрази на Рекс која сигурно ви е позната на сите вас: „Моќта на Форевер е моќта на љубовта.“ Секогаш со задоволство ја слушав, но неодамна таа доби уште подлабока смисла во моето срце и ми влијае повеќе отколку сум очекувал.

„Моќта на Форевер е моќта на љубовта“ кажува многу за нас како компанија и за нас како глобално семејство. Изјавата потврдува дека вистинската вредност на Форевер се крие во нашата способност да ја сакаме работата и да се сакаме меѓусебно. Ова нема да го најдете во програмата на многу бизнис школи или програми по бизнис администрација, но во Форевер тоа е во сржта на нашиот начин на работа.

Понекогаш може да е тешко да ја почувствуваме љубовта заради сѐ што се случува во светот, но јас верувам дека околу нас има повеќе љубов отколку што си мислиме. Во моето секојдневие гледам толку многу добрини, поддршка, признание, благодарност и љубов. Да, има многу болка и страдање, но има и огромна количина на добро во овој свет. Наместо да се фокусирам на негативното, јас избирам да се фокусирам на чудата на човечката природа.

Го видов и почувствував ова во изобилство пред неколку седмици за време на патувањето до Рио де Жанеиро и Сао Паоло со Синтија и Гарин. Беше одлично што сме повторно во Бразил! Се сретнавме со некои од нашите лидери и учествувавме на Ден на успехот во живо прв пат по две години. Атмосферата беше неверојатна – се смеевме, танцувавме и пеевме заедно. Бразилците прелеваат од енергија и желба за живот. Тие се срдечни, дружељубиви, среќни и полни со љубов. Додека ги наградувавме нивните успеси и заедно учевме, бев трогнат од љубовта во салата. Љубов не само кон работата и кон производите на Форевер, но и еден кон друг и кон надежта која ја носи можноста за бизнис со Форевер.

Знам дека тоа што го правиме не е лесно. Да си сопственик на Форевер бизнис бара напорна работа, посветеност и можеби дури и малку среќа. Но кога работиме правилно, резултатите можат да бидат зачудувачки. Форевер им дава на сите, независно од нивното потекло, социјална положба, образование, религија, раса или пол, потполно иста можност за успех.

Така, година откако Рекс нѐ напушти, прашањата кои одекнуваат во мене се: „Што можеме да направиме сите ние за да го прифатиме неговиот завет дека „моќта на Форевер е моќта на љубовта“? Како да ги примениме овие инспиративни и емотивни зборови во нашето секојдневие?“

Иако не можам да одговорам на овие прашања од ваше име, можам да ви кажам како тие делуваат на мене. Денес јас уште по-посветено, со поголем ентузијазам, пострастно и со поголем оптимизам од кога и да било, сакам да ја заслужам гордоста на Рекс, правејќи сѐ што можам за да продолжам да го правам Форевер најдобрата бизнис можност на светот. Уверен сум дека рамо до рамо со вас и со Рекс во нашите срца, ќе го продолжиме неговиот Форевер завет — заедно.

Бидете истрајни,

Грег Мон

Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Споделете со пријатели:

Нагоре