Со работа во тим соништата се исполнуваат

Грег Мон, Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Како човечки суштества ние треба да работиме заедно, за да постигнеме трајна и позитивна промена.

Се изненадив кога слушнав дека изразот „со работа во тим исполнуваме соништа“ за прв пат се појавува пред само 12 години со истоимената книга на John C. Maxwell. Мислев дека фразата е далеку постара – се чини дека тоа е нешто што бабите и дедовците можеле да кажуваат.

Независно кога изразот станува официјален, сигурен сум дека сме го слушале многу пати во една или друга форма. Фундаменталниот принцип дека многу подобро се справуваме кога работиме заедно е вечен и не треба да го игнорираме! Тоа ми стана јасно за време на пандемијата. Како човечки суштества ние треба да работиме заедно, за да постигнеме трајна и позитивна промена.

Кога пристигнав минатиот месец во хотелот во Абу Даби за Глобалното рели и ги видов знаците, знамињата, џиновското Алое бебе и целиот декор за настанот, почувствував огромно олеснување и возбуда. Конечно сме повторно заедно!

Во лобито сретнав пријатели од целиот свет, кои ги немав видено со години и се запознав со СФБ кои никогаш не присуствувале на настан во живо на Форевер. Бев импресиониран колку многу значи за мене и за нашиот бизнис да работиме заедно и да се собираме. Мислам дека сите на некој начин ја потценивме моќта на заедницата.

Толку многу научив од Рели обуките, внимателно ги слушав сите говорници. Посебно ме допреа зборовите на Nqobile Mseleku за тоа какво е чувството да си дел од Глобалниот лидерски тим. Nqobile и нејзиниот тим во Јужна Африка имаа многу застои за време на пандемијата. Но таа остана позитивна, оптимист и полна со ентузијазам целото време. Во Абу Даби таа сподели со нас: „Треба да имаш смелост да градиш, а потоа да имаш смелост и да го обновиш изграденото!“

Неколку пати размислувам за нејзините зборови откако се вративме дома. Тие ме инспирираат и провоцираат да правам сѐ што можам и сѐ што можеме како компанија, за да гарантирам дека располагате со сѐ што е потребно за градење, и, ако е потребно, за обновување на изграденото.

Ви благодарам на сите кои бевте со нас во Абу Даби. А за оние што останаа дома, се надевам дека ви се допадна онлајн преносот. Им благодарам и на нашите вработени кои неуморно работеа за сѐ да оди без проблем. Вие сте неверојатен тим! Семејството на Форевер е изградено од пријатели и го покрива целиот свет – тоа се луѓе со ист начин на мислење, кои се желни да си помагаат взаемно и да работат заедно за да се остварат соништата на милиони.

Не заборавајте дека за да биде вистина „со работа во тим соништата се исполнуваат“, потребни се две работи – тим и сон. Се сетив на ова кога двајцата со Синтија отпатувавме од Абу Даби. Додека се обидувавме да се регистрираме за нашиот лет, откривме грешка во нашите сертификати за COVID тестовите. Датумот не беше точен! Пробав сѐ за да го решам проблемот, но кога ништо не помогна, едноставно се помирив со фактот дека ќе го испуштиме летот.

Но мојата „соиграчка“ Синтија не се беше откажала. Таа остана фокусирана на тоа да отпатуваме дома и продолжи да бара варијанти. Беше трпелива, спокојна и непопустлива, додека на крајот не се справи со проблемот! Лабораторијата ги коригираше грешните дати и ни испрати точни документи. Се качивме последни во авионот, но успеавме навреме. Заедно, нашиот скромен тим од само двајца – Синтија и јас, извојува мала победа и ние успавме да се прибереме дома благодарение на тимската работа.

Се надевам дека и вие ќе се радувате на истото – дека независно колку големи или мали се вашите соништа и тимови, вие исто секогаш ќе го наоѓате патот кон дома! Само запомнете, кога ќе пристигнете до вашата цел, да се завртите назад и да им заблагодарите на многубројните луѓе кои ви помогнале да стигнете до целта.

Бидете истрајни,

Грег Мон

Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Споделете со пријатели:

Нагоре