Одржливо производство за чиста планета

Форевер

Секоја година на 22 април светот го слави Денот на Земјата и во текот на месецот насекаде се одржуваат најразлични иницијативи посветени на екологијата, одржлив развој и решенија за ограничување на климатските промени. Во Форевер сме посветени на еколошко производство и на комплетен однос кон околната средина.

Компаниите од семејството на Форевер Ливинг Продактс се најголемиот светски производител, преработувач и дистрибутер на алое вера и производи од алое. Близу 45 години произведуваме високо квалитетни производи за луѓе како вас – за да изгледате и да се чувствувате подобро. За нас секогаш било приоритет да работиме одговорно и во хармонија со природата, да ги произведуваме производите одржливо и со грижа кон околната средина, за да ја чуваме планетата.

Одржливиот развој е длабоко вкоренет кај секој што работи за Форевер. Целта секогаш е иднина во хармонија со расположливите ресурси на Земјата. За таа да биде добар дом и за нашите деца.

АЛОЕ ВЕРА, ОДГЛЕДАНО ЕКОЛОШКИ

Основата на многу од нашите производи е чистиот гел од внатрешноста на листовите на алое вера (Aloe Barbadensis Miller). Можеби знаете дека постојат над 400 различни видови алое. Но единствено видот Aloe Barbadensis Miller е познат со милениуми по неговите корисни својства за човекот.

Од садењето на растенијата на нашите сопствени полиња до берењето на зрелите листови, алоето на Форевер се култивира одржливо и со посебна грижа. За нас тоа е исклучително вреден ресурс и затоа го третираме со многу љубов и внимание. Секој лист се бере рачно, кората внимателно се одделува рачно во последователниот процес на „филетирање“. Во нашите производи се користи само најдобрата суровина и се трудиме ниту капка од вредниот гел да не се растура. Добро за околната средина, добро за луѓето.

ОДРЖЛИВО И СО МИНИМАЛЕН ОТПЕЧАТОК

Нашите растенија ги одгледуваме на најголемите полиња со алое во светот. Во Доминиканската република нашите насади се простираат на површина која надминува 2 500 хектари. Одгледуваме алое и во Јужен Тексас и за да можеме прецизно да го контролираме целиот процес и правилно да се грижиме за околната средина, сами управуваме со сѐ.

Ги оставаме нашите алое растенија да созреваат во продолжение на три години под врелите зраци на карипското сонце. Затоа и нашите производи ја содржат чистата енергија на 1 000 сончеви денови. Кората која работниците во Доминикана рачно ја одделуваат се враќа во почвата за природно ѓубрење на растенијата. Така го намалуваме нашиот јаглероден отпечаток и постигнуваме континуиран природен циклус.

ЕКОЛОШКИ ЦИКЛУС

Водата е важен природен ресурс кој има голема улога во производството. Во последните години инсталиравме пумпи и системи за наводнување капка по капка на соларна енергија, кои обезбедуваат вода на секое растение одделно. Така го намаливме расходот на вода за 90%! Водата со која ги миеме свежо набраните листови ја враќаме назад на полињата за наводнување.

Последните три години компанијата Aloe Vera of America која управува со сите наши производствени капацитети во светот, ја доби наградата „Син палец“ од градската управа на Далас за нејзината посветеност да ги одржува водните патишта чисти, покрај наградата за својата програма за спречување на загадувањето.

Внимателно ја следиме и количината на отпад и рециклирањето. Го намаливме отпадот за 50% и го зголемивме рециклирањето од 26% на 61%. За да продолжиме со овој тренд постојано бараме нови решенија за пакување и алтернативни материјали и соработуваме со компании кои поткрепуваат зелени производствени процеси. Транспортните кутии на Форевер се од 85% рециклирани материјали и се печатат со еколошки мастила. Рециклираме над 200 тони брановиден картон секоја година покрај пластиката која ја користиме при производството.

ЈАГЛЕРОДЕН БАЛАНС

Нашите 50 милиони алое вера растенија го пречистуват воздухот од стотици милиони тони секоја година. Тоа одговара на дејството на 2,5 милиони дрвја.

Носечките производи на Форевер – алое вера пијалаците, се достапни во 100% рециклирачки Тетра пак пакувања. Бидејќи пакувањето се транспортира сплеснато во големи количини, значително се намалува јаглеродниот отпечаток на Форевер.

Една од причините зошто Форевер има затворен циклус на производство е токму контролата на влијанието кое секоја негова етапа ја има врз животната средина и врз заедниците во кои живееме и работиме. Продолжуваме да правиме решителни чекори кон уште поеколошки практики, бидејќи не сме „зелени“ само на зборови!

Споделете со пријатели:

Нагоре