Поддржете ги сите настани на компанијата

Стефан и Тања Стаеви

Во Форевер тежнееме да ви обезбедиме што е можно повеќе различни алатки и ресурси за работа и заедно со вас да изградиме заедница и култура што ги зачувува вредностите на компанијата во текот на сите години од нејзиното постоење. Ова е важната улога на настаните што ги организираме за вас.

Календарот на Форевер е исполнет со многу тренинзи и состаноци. Секој од нив е шанса да се нурнете во атмосферата на компанијата, да научите нешто покорисно за себе, да одлучите за поголеми достигнувања и да им се придружите на луѓето од вашиот тим во нашето огромно семејство. Поврзувањето со истомисленици и ентузијасти е само еден дел од моќта на нашите заеднички состаноци. Чувството на припадност во таква заедница, духот на поддршка и признание е вистинскиот убедлив фактор и придонесува за кохезијата на луѓето во тимот и моќта на нивната мотивација. Еве неколку дополнителни бонуси:

+ ќе научите од успешните - тешко дека има покорисна акција во овој бизнис од тоа да се следи примерот на успешните. Помала е веројатноста да ги направите нивните грешки ако слушнете каде не успеале самите и како ги надминале проблемите.

+ ќе разменувате идеи - секој неформален разговор со учесниците на настанот може да биде нова идеја за развој на вашиот бизнис.

+ ќе им оддадеме заслужено признание на вашите достигнувања - важно е секој од нас да добие признание и восхит за вложените напори и постигнатите резултати. Затоа ве славиме на нашите Денови на Успехот! Секогаш се трудиме празникот на компанијата да го организираме правилно, да го направиме свечен, да создадеме добро расположение и гласно да ви аплаудираме - сопствениците на Форевер Бизнис

Знаете дека во октомври ви организираме два прекрасни настани за кои сметаме дека доброволно и ентузијастички ќе ги поддржите! На 1 октомври- сабота, ве очекуваме на Маркетинг обука во хотел Изгрев, Струга. Последниот викенд од октомври, на 29-ти, ве очекуваме на Ден на успехот во хотел Холидеј Ин и заедно ќе ги прославиме вашите успеси во изминатиот период.

Бидете со нас!

Засекогаш Ваши,

Стефан и Тања Стаеви

Генерални директори на Форевер Бугарија и С. Македонија

Споделете со пријатели:

Нагоре