Тајните на успехот

Сунил Гупта, Менаџер „Сафир“, Индија

Среќен сум што мојот Форевер бизнис има голем успех во Индија и често ме прашуваат кои се тајните на мојот успех. Еве ги трите најважни, иако всушност и не се никакви тајни. Прво – обуки, второ – обуки и трето – уште обуки!

Обуките имаат за цел да нѝ помогнат да ги запознаеме компанијата, производите и маркетинг планот, за да сме поуспешни во бизнисот. Да ги разгледаме подетално.

Компанијата

Постои максима дека „првиот впечаток е и последен“. Затоа, многу е важно добро да ја познавате компанијата и да можете убедливо да ја претставите на кандидатите. Така ќе оставате добар прв впечаток. Задолжително споделете клучни факти како: Форевер Ливинг е американска компанија со 45-годишна историја, работи во над 160 држави, нејзиниот циклус на производство е комплетно затворен.

Производите

Задолжително е да ги познавате производите, но не можете да зборувате за кој било од нив, без да сте го употребувале. Колку повеќе производи употребувате, толку полесно ќе раскажувате за нив. Најдобро е да изберете пет или десет омилени производи и да научите да споделувате со клиентите како тие ви помогнале да изгледате и да се чувствувате подобро.

Маркетинг план

Треба добро да сте упатени во маркетинг планот, и за да привлечете кандидати во бизнисот, и за да знаете самите вие како да се издигнете на следното ниво.

Што сакате ВИЕ?

Изјаснете сѐ кон што се стремите, формулирајте го добро своето ЗОШТО.

Сфатете ја моќта на бизнис планот на Форевер

Тој ви дава истовремено можност за раст, стабилност и сигурност – речиси е невозможно да ги најдете сите овие фактори заедно на друго место.

Работете со срце

Повеќето сопственици на Форевер бизнис работат само со умот и кога му раскажуваат на некого за производите и бизнисот, тие се водат од сопствените аспирации. Ако те води срцето, ќе мислиш за доброто на соговорникот – како Форевер може да му помогне да си го промени животот кон подобро. Не заборавајте дека човекот пред вас ги чувствува вашите намери.

Насмевка

Бидете ведри и дружељубиви, искрената насмевка секогаш ја привлекува и освојува довербата на луѓето.

Потсвест

Потсвеста е најмалку десет пати помоќна од свеста. Побарајте книги кои ќе ви помогнат да ја искористите моќта на потсвеста за да постигнете успех.

Законот за привлекувањето

Знаете дека некои од луѓето кои ги сретнувате веднаш ви се допаѓаат, а други не толку. Секој има своја вибрација и ако таа се совпаѓа со вашата, тоа е љубов. Затоа, ако и самите сте позитивни, ќе привлекувате и други позитивни луѓе. А колку повеќе се такви во вашиот тим, толку поуспешен ќе биде и вашиот бизнис.

Став

Негативноста е како дупната гума – нема да ве однесе многу далеку. Во нашиот бизнис е важно да имаш позитивен став за да напредуваш.

Споделете со пријатели:

Нагоре