Правете ги основните работи и создадете ја вашата Форевер историја
Неверојатно е колку може да се постигне со идеи, страст, професионално водство и со став дека откажувањето не е опција.
Во далечната 2012-та веднаш по завршувањето на Европското рели во Будимпешта, Рекс и членовите на раководниот тим кои бевме во Европа, одлучивме да одиме во Холандија за поставувањето на темелите на нашиот нов проект за централизиран склад, кој стана познат како Форевер директ.
Слетавме во Амстердам и возевме 90 минути на југ до нашата најнова локација. Беше студено, дождливо февруарско попладне и студот нѝ проникна до коските. Додека стоевме во калта и дождот паѓаше, беше тешко да си претставиме како ќе изгледа нашиот нов објект. Имавме гледано цртежи за огромна нова и модерна зграда, но тој ден гледавме единствено поле со кал. Немаше згради, инфраструктура или патишта за да се навести планот на проектот и да нѝ помогне да визуализираме што следува.
Минатиот месец, 10 години подоцна, јас и Ејдан се вративме таму. Се разбира дека во меѓувреме сме биле многу пати во Форевер директ, но благодарение на укинувањето на ограничувањата за патување, конечно имавме шанса да го посетиме логистичкиот центар по двегодишна пауза. Додека стоев во делот за пакување и со финансискиот директор Ремко Бенекер се потсетивме на минатото – добрите и тешките моменти при започнувањето на бизнисот пред една деценија, не можев а да не почувствувам стравопочит и гордост од постигнатото.
Петер ван Ејк – нашиот оперативен директор, ме потсети дека нашиот наградуван објект денес обезбедува работа на над 250 луѓе локален персонал, кој опслужува повеќе од 102 држави. Сето ова е поддржано од најсовремена машинерија управувана од најпрогресивниот логистички компјутерски систем во светот. Комбинацијата од системи и луѓе има капацитет над сто илјади порачки месечно.
Во Форевер директ насекаде околу тебе во сите насоки се движат кутии, производи, печатени материјали и рекламни артикли, но сепак тие успеваат да одржат над 99% точност при испораките до вас и вашите клиенти. Тоа е доказ колку може да се постигне со идеи, страст, професионално раководство и со став дека да се предадеш не е опција. Овие квалитети се гледаат насекаде во Форевер директ и тргнуваат од Гари Шрив кој го раководи тој центар и сите наши логистички операции во светот. Задачата е многу обемна, но е во сигурни раце!
Секако сите сме многу горди со Форевер директ, но може да се каже дека и други компании имаат одлични капацитети кои исто се нивна гордост. Ве уверувам дека споредбите застануваат тука.
Кога станува збор за тоа што е најважно, на нашите луѓе им нема рамни – тие се најдобрите можни во браншата. За време на пандемијата не сме изгубиле ниту еден работен ден. Преку локдауни, болести и други фактори на расејување, нашите Форевер тимови не запреа ниту за миг. Независно од нивните лични и локални околности тие доаѓаа на работа и продолжуваат исто така. Тоа го прават за да гарантираат дека нашите европски СФБ секогаш располагаат со сѐ што им треба.
Уживам да шетам низ големата зграда и да се гледам со стари пријатели, особено во зоната на социјалната работна заедница. Пред многу години Форевер директ започна партнерство со локалните власти и заедно обезбедуваме можности за работа на локалните лица со посебни потреби.
Форевер директ е наградуван за оваа иницијатива и продолжува да предлага исклучителна средина за работа. Го прашав нашиот генерален директор Нилс Хомел за овие посебни односи и тој ми рече: „Во Форевер се фокусираме на тоа што луѓето МОЖАТ да го прават, а не на тоа што не можат!“
Додека ја набљудував работата на Форевер директ околу себе, бев презадоволен и размислував колку многу добро произлегло од нашата одлука да преместиме малку земја од едно место на друго!
Форевeр директ е нешто повеќе од успешна корпоративна историја. Тој е триумф на визијата, трудољубивоста, инвестициите и несебичноста. Тој е пример што можеш да изградиш ако имаш желба да си поставиш цел, да си создадеш визија и никогаш да не се откажеш од секојдневните задачи кои на моменти може да се рутински и банални, но на крај градат ремек-дела. Не можам ни да си претставам или да се обидам да претпоставам колку навртки и завртки го држат Форевер директ, но сум благодарен на луѓето кои останаа посветени и дисциплинирани, обидувајќи сѐ секогаш да бидат еден до друг на нивните места.
Размислете за своето калливо поле или со други зборови за празното платно на кое можете да создадете свој Форевер. Придржувајте сѐ до основните работи и со нив насликајте го вашето платно, творете ја вашата Форевер историја. Користете ги производите, продавајте ги, спонзорирајте нови луѓе, правете 4 б. и учете ги другите на истото, работете ја програмата Менаџер ОРЕЛ. Правете го сето тоа и со тек на времето вашето калливо поле ќе се претвори во бизнис кој ќе ви се исплати на вас и на вашите најблиски.
Бидете истрајни,
Грег Мон
Претседател на Форевер Ливинг Продактс