Чекори до успехот
Без разлика колку високо се искачуваме по скалата на Форевер, секогаш е корисно да размислуваме за оние чекори што постојано треба да ги правиме, за да стигнеме до врвот на својот потенцијал.
Фокусирајте сѐ на давање, а не на земање и наградата нема да задоцни.
Ние сме многу среќни што имаме толку многу да подариме. Со споделување на нашето знаење, пријателството, искрената грижа и нашата поддршка со другите, живееме на начин што природно ги привлекува луѓето кон нас.
Истото важи и за соработниците во нашите екипи. Кога им даваме насоки, ги охрабруваме и им даваме дел од нашето време, сите добиваме, бидејќи сме дел од здрава и просперитетна мрежа. Во нашиот бизнис нема поголема вистина од таа дека колку повеќе даваш, толку повеќе добиваш.
Сфатете дека ВИЕ сте компанијата
Нема значење колку неверојатна компанија е Форевер, колку се прекрасни производите и бизнис можностите, единствено вие сте човекот од кого најмногу зависи со какви очи ќе гледаат луѓето на Форевер. Сепак во нашето бескрајно конкурентно време, стотици мрежни компании тврдат дека предлагаат најдобар компензационен план.
За среќа, зад вас стои солидна компанија со над 45-годишна успешна историја, но сепак сте најважниот претставник на Форевер кога се среќавате лично со луѓето. Ако ги обучувате другите и им покажувате како успешно да изградат свој бизнис со Форевер, вие ќе се издвоите од масата од сопственици на бизнис на кои им недостасува посветеноста и поддршката што вие ја давате на вашиот тим. Имате нешто уникатно да дадете: самите себе!
Заработете од продажби на мало
Импресивната гама на производи на Форевер нуди по нешто корисно за секого. Кога ги споделуваме искуствата од производите со своите роднини и пријатели, ние им даваме можност сами да ги пробаат кога ќе посакаат.
Откако ќе почувствуваат колку се ефикасни и исклучителни производите, тие сами ќе побараат да научат повеќе. Во овој момент е природно да ги споделите со нив информациите кои фирмата ги подготвила – видеа, презентации, брошури и друго.
Споделете ги бизнис можностите со бизнисмени
Исто како што роднините и пријателите се најпогодните луѓе на кои треба да им раскажуваме за производите, бизнис лидерите и трговците се особено добри кандидати за бизнис можностите. Овој тип на луѓе брзо и лесно ја разбираат моќта на нашиот маркетинг план и го сфаќаат сериозно.
Следниот пат кога сте на пат да склучите зделка за стока или услуга со трговец, бидете подготвени да споделите со него какви бизнис можности предлага Форевер.
Успесите водат до нови успеси
Освен да планирате како да ги постигнете вашите цели, важно е да не го заборавате вашиот тим. Треба да правите сѐ што е можно за да го поддржите успехот и развојот на вашите соработници. Сепак колку се поголеми нивните постигнувања, толку повеќе ќе растат и вашите!