Пролетни грижи

Форевер

Чист воздух, пеењето на птиците, раззеленети дрвја, миризливи цвеќиња во градините - обновениот живот во пролетта е прекрасен и кај нас влева желба за промена. Со задоволство ја менуваме уморната топла облека за полесна и расположението нѝ се подобрува. Но, понекогаш пролетниот замор може да го затемни сево ова.

Промените на температурите и атмосферскиот притисок за време на преодната сезона го збунуваат нашиот внатрешен часовник и тоа може да го наруши функционирањето на сите органи. Можно е да почувствуваме недостаток на тонус, а погледот во огледалото може да нѝ даде многу причини за разочарување - заоблени форми, сува кожа, исцрпена коса и испукани усни. Според експертите, пролетниот замор е потешко да го поднесе понежниот пол поради неговиот полабилен хормонален систем. Доколку и вашиот одраз во огледалото не ве прави среќни, погледнете неколку предлози како побрзо да влезете во форма. Малите прилагодувања на животниот стил направени сега, можат да ви помогнат во текот на целата година.

Започнете прво со Програмата за балансирање и чистење на телото DX4, а по истекот на четирите дена, задржете ги здравите навики што таа ве научи и пробајте го следново.

Почнете да се движите повеќе

Како што времето се затоплува и деновите се подолги, така расте и желбата да се биде надвор. Па така, лесно е да започнете пролетен режим на вежбање и тоа може да биде едноставно како додавање на 20-минутна прошетка за време на паузата за ручек или после работа. Но, за да почувствувате вистинска корист од движењето, треба да го предизвикате вашето тело да се прилагоди на зголемените оптоварувања. Само така ќе зајакне и резултатите ќе бидат видливи. Откако ќе се посветите на дневните прошетки две недели, почнете да ги менувате. Проширете ги и/или забрзајте го темпото за да го поттикнете вашето тело на нови нивоа на кардиоваскуларна и мускулна издржливост. Продолжете да ги зголемувате активностите со подолги, поенергични прошетки и ќе ги почувствувате придобивките од редовното вежбање - подобар сон, губење на тежината, подобро расположение и повеќе енергија.

Внимавајте на исхраната

Во зима, многумина стануваат жртви на лоши навики во исхраната, како што се прејадување, нагласувајќи го слаткото, масното и соленото. Се јаде количински и неквалитетно наместо здраво и правилно. Ако и вие сте навлегле во режим на брза храна, почнете да одвојувате еден час неделно за пазарење и уште еден час за подготовка и пакување храна за тој ден. Така, ќе имате подготвени корисни опции за јадење во вашето напорно секојдневие. Заменете ги колачињата, вафлите и бисквитите со сурови јаткасти плодови, овошје, салати или енергетски брз десерт за пауза. Донесете со себе Форевер Лајт ултра со аминотеин или Форевер растителен протеин за целосно и вкусно полнење на батериите за ручек.4

Ако во студената сезона успеавте да ја одржите вашата исхрана здрава, но ви изгледа малку монотоно, обидете се да ја „обоите“ со сезонско овошје и зеленчук. Додадете свеж спанаќ, лобода, рукола, ротквици, кромид, никулци и свежи салати. Кога на човекот ќе му здодее храната што претежно ја консумира, таа станува поподложна на нездрави искушенија и се прејадува со празни калории.

Исчистете ги фрижидерот и кујната

Направете пролетно организирање и чистење на резервите на храна. Првиот чекор е да се ослободите од храната која содржи хидрогенизирани или транс масти, бидејќи се покажало дека тие се штетни за здравјето. Внимателно прочитајте ја содржината на сите етикети, бидејќи овие преработени масти се присутни на најнеочекуваните места. Потоа погледнете ги ознаките на сите пакувања и исфрлете ги производите и храната на кои речиси или целосно им поминал рокот. Посебни јадења со многу калории, шеќер и масти на посебна полица, подалеку од здрави производи. Треба да се консумираат умерено, па затоа е соодветно да се чуваат на тешко достапни места.

Конечно, посетете ги блиските продавници за органска и здрава храна и наполнете ја вашата остава, чајната кујна со здрави производи како што се леќа, зеленчук, авокадо, брашно од цели зрна и тестенини, мешунки, свежо и сушено овошје, јаткасти плодови, кафеав ориз, просо, хељда, овес, семки, билки и зачини, здрави нерафинирани масла – шафран, маслиново масло, кокосово масло, крекери од цели зрна, природни алтернативи на шеќер како стевиа, сок од агава или ксилитол од бреза. Полесно е да се фокусирате на тоа да бидете здрави кога имате при рака вкусна целосна храна.

Регенерирајте ја вашата кожа

На крајот на зимата, резервите на витамини се исцрпуваат, бидејќи во студените месеци количината на овошје и зеленчук во нашата храна е често помала, а оние што ги јадеме содржат минимални количини на корисни материи. Ако се прашувате кои витамини ви се најпотребни, само погледнете се во огледало. Дали вашата кожа е сува и груба? Спасот е во витамините А, Ц и Е. Првиот ја регулира функцијата на кожните жлезди и го забрзува метаболизмот, вториот има антиинфламаторно и антиалергиско дејство, а третиот е наречен „витамин на кожата“ бидејќи е моќен антиоксиданс, го забавува стареењето, ја подобрува еластичноста и ја забрзува регенерацијата на клетките. Ако усните ви се испукани, нивните агли се расцепуваат, а лицето ви се лупи, веројатно страдате од недостаток на витамините Б2 и Б6.

Најбрзиот и најзабележителен ефект ќе го видите ако се грижите да ги вратите овие витамини како внатрешно, така и надворешно. Комбинирајте го вашиот омилен пијалок од алое вера со додатоци како Форевер дејли, Абсорбент-C, Пчелен Полен, Арктичко море и Форевер морски колаген.

А за директно нанесување на кожата, одберете ја најсоодветната крема за вас од богатата палета на Форевер. Кремот со алое прополис е одличен избор, а комплетите за нега на кожа Секојдневна нега на кожата „Соња“ и Регенерирачки крем infinite by Forever™ брзо ќе го вратат сјајниот и свеж изглед на вашето лице. Комбинирајте ги со сината серија производи за да го прилагодите режимот за убавина на вашите лични потреби.

Пијте повеќе вода за тонирана и еластична кожа

Водата учествува во сите витални процеси во организмот, важна е за сите органи и поволно влијае на изгледот. Апсолутно секој тип на тело и кожа има потреба од доволен внес на вода. Експертите препорачуваат да се пијат околу два литра дневно. Затоа хидратацијата е еден од столбовите на Програмата за балансирање и чистење на телото DX4. Можеме да додадеме дополнителни течности во водата во текот на денот со помош на билен чај со цветови од алое , како и свежо цедени сокови од овошје и зеленчук.

Грижете сѐ со љубов за вашето тело во текот на пролетта и тоа ќе ви биде благодарно цела година!

Споделете со пријатели:

Нагоре