Кожата добива

Холи Стаут, потпретседател на Форевер за глобален развој на производи

Негата на кожата и нејзината заштита од сонцето не треба да е комплицирана, но е задолжителна, за да ја одржуваме кожата во добра состојба. Неодамна обновениот PROTECTING DAY LOTION го олеснува како навлажнувањето на кожата, така и нејзината заштита од ултравиолетовите зраци.

PROTECTING DAY LOTION содржи чист гел од внатрешноста на листовите на алое вера, состојки за нега на кожата и цинк оксид за заштита од сонце (но без да остава бели траги). Се обративме на Холи Стаут, потпретседател на Форевер за развој на производи, за подобро да разбереме зошто козметичкиот режим и заштитата од сонцето се важни и како PROTECTING DAY LOTION нѝ помага и за двете. Холи има над 20 години искуство во развојот на козметички производи.

Зошто треба да се заштитуваме од сонцето секој ден?

Секојдневната употреба на крема за сончање е апсолутно задолжителна ако сакате вашата кожа да изгледа здраво. Денешните оштетувања од сонцето ќе се појават после години, кога ќе биде предоцна. Освен опасност од рак на кожата, сонцето може да предизвика темни дамки, нерамна структура, длабоки брчки и опуштеност. Секојдневната заштита од сонцето е одлична заштита од овие несакани ефекти и не треба да ја занемаруваме.

Зошто е толку важна заштитата од сонце со широк спектар?

Должината на ултравиолетовите зраци не е еднаква и затоа тие проникнуваат до различни слоеви на кожата. Сончевата светлина се состои како од UVA, така и од UVB зраци. Првиот вид ја оштетува кожата во длабочина и е причина за појавата на знаците на предвремено стареење за кои стана збор, а вториот вид зраци удира во површината и води до изгореници. Заштита со широк спектар значи дека производот е тестиран и докажано дава ефикасна заштита и од UVA, и од UVB зраците. PROTECTING DAY LOTION на Форевер е таков производ и можете да му верувате.

Кои се придобивките на минералната заштита од сонце?

Минералните средства за заштита од сонцето формираат заштитен слој на површината на кожата кој ги рефлектира UV зраците, додека хемиската заштита од сонце им дозволува на UV зраците да навлезат во епидермисот, пред да ги неутрализира. Минералната заштита не ја иритира толку кожата, колку хемиската. А освен што има директни придобивки за телото, овој тип на природна заштита е и поеколошки, бидејќи одмивањето на такви производи во водни базени не претставува опасност за екосистемот.

Што го прави уникатен PROTECTING DAY LOTION?

PROTECTING DAY LOTION има научно развиена формула која комбинира висок степен на навлажнување со леснотија на нанесување и идеален баланс на цинк оксид без наночестички за заштита од UV зраците. За разлика од многуте лосиони за заштита од сонце кои можат да бидат премногу суви или премногу мрсни, PROTECTING DAY LOTION е погоден за сите типови на кожа. Тој содржи глицерин – навлажнувач кој ја црпи влагата од воздухот за да ја достави на кожата, како и богати масла од рицинус, пустинска урма и канола, кои даваат антиоксидантна поддршка. Плус, есенцијалните масни киселини- линолеинска, олеинска и палмитинска ја имитираат масната структура на кожата, за да ја спречат загубата на епидермална влага.

Зошто цинкот без наночестички е важен?

Цинкот без наночестички останува на површината на кожата и ги рефлектира UV зраците, наместо лесно да се распаѓа и да им дозволува на дел од зраците да се навлезат во кожата. Заштитата од сонце треба да остане на кожата, а не да продира во телото. Цинкот без наночестички стои таму каде што е нанесен и ја врши работата за која е дизајниран.

Што можеби не знаат луѓето за факторот за заштита од сонце?

Клучот за одлична заштита од сонцето е честотата на нанесување на производот, а не само колку е висок факторот. Сите видови креми за заштита од сонце се разградуваат при контакт со сол и вода, така што високиот фактор често може да нѐ измами да се чувствуваме заштитени кога всушност не сме. Повеќекратното и често нанесување на лосионите за заштита од UV зраците е најдобриот начин да се заштитиме од оштетување – дерматолозите препорачуваат повторно нанесување на секои два часа.

Со оглед на ова, дали е ефикасен факторот 20 во PROTECTING DAY LOTION?

Избравме да го развиеме PROTECTING DAY LOTION со фактор 20, бидејќи производот е предвиден и да хидратира, и да заштитува од сонцето.

Додавањето на цинк оксид за повисок фактор на заштита дополнително би го згустило лосионот и ќе го отежне нанесувањето. И бидејќи ефективноста на заштитата зависи најмногу од честотата на нанесувањето, ние направивме идеален баланс меѓу заштитата од сонце и хидратацијата на кожата.

Како да го употребувате PROTECTING DAY LOTION

  • Наутро се нанесува како последниот производ кој го користите за кожата, пред да излезете на сонце.
  • Се употребува секој ден по вашиот омилен Форевер серум.
  • Се нанесува врз омилениот Форевер хидратант за дополнителна хидратација.
  • Често се нанесува, особено по контакт со вода или сол.

Споделете со пријатели:

Нагоре