Како да поставите и постигнете реални цели за вашиот бизнис

Форевер

На што мислите кога мислите на успех? Да станете Менаџер Орел? Да се квалификувате за Chairman’s Bonus? Да патувате низ светот со Форевер? Кога прв пат започнувате, овие цели може да ви изгледаат премногу далечни и може да потрае за да ги постигнете. Без помали цели кои ќе ве одржуваат на патот, може лесно да се случи да почнете да се чувствувате малку безнадежно.

Тука може да дојде во игра поставувањето и постигнувањето на реални цели. Ако имате помали работи на кои можете да се фокусирате на краток рок, тоа може да ви помогне да ги поедноставите вашите планови и побрзо да дојде времето до вашите поголеми цели! Еве како да останете мотивирани. Во спортски дух, вашите цели ќе ги поделиме на „бронзена”, „сребрена” и „златна”, за да може да ги визуализирате, но истите правила важат за целата година!

Правете по една „бронзена” работа секој ден

„Бронзена” активност е нешто што е лесно изводливо – нешто што можете да го постигнете секој ден, сѐ додека сте посветени на тоа. Во слободното време помеѓу вообичаените дневни активности, за да допрете до потенцијални клиенти, работете со списокот „Кого познавам” или направете Facebook Live. Која било од овие работи може да има директно влијание на вашиот бизнис а одзема малку време. Правете ги последователно секој ден и тие навистина ќе почнат да даваат резултат.

Примери за „бронзени” активности се: стапување во контакт со одреден број на потенцијални клиенти, продажба на одредена количина на производи или поминато време на социјалните медиуми со вашата публика.

Правете по една „сребрена” работа секоја седмица

„Сребрената” активност е поинтензивна, но сепак може да се управува - нешто што може да го правите секоја седмица наместо секој ден. Ова повторно ќе има големо влијание врз вашиот бизнис ако постојано го правите тоа седмица по седмица, без оглед дали е тоа посетување на обуки за да ги впиете сите вредни информации што другите ги споделуваат, или му помагате на некој друг да се вклучи во бизнисот и да започне да го менува својот живот.

Примери за „сребрени” активности се: да спонзорирате некого, да планирате седмица со вредни содржини на социјалните медиуми (вклучувајќи фотографирање на производи и креирање наслови), или присуство на обуки за производи или теми кои ве интересираат.

Правете по една „златна” работа секој месец

„Златната” активност е најинтензивна и најтешка за управување, затоа ви препорачуваме да вклопите најмалку по една секој месец.

Примери на „златна” активност: помогнете на некој од вашата структура да спонзорира некого, прославете напредок во ниво на членови од вашата структура и учествувајте во програмите за стимулирање организирани од компанијата.

Споделете со пријатели:

Нагоре