Да ја направиме 2024-та година на комуникацијата

Aidan O`Hare, Претседател на Форевер Ливинг Продактс Интернационал

Се надевам дека почетокот на новата година е фантастичен за сите! Не знам како се чувствувате вие, но јас како само да трепнав и од новогодишната ноќ се најдов во средината на февруари. Сигурно е дека 2024-та е официјално тука и веќе тече, а ние се движиме со полна пареа напред со низа возбудливи посети во првото тримесечие.

Нашиот раководен тим ќе го допре секое катче на светот. Додека ги планиравме нашите светски патувања за годината, сакавме да се видиме со колку може повеќе од вас. Врската меѓу нас е од витално значење и знаеме дека личната комуникација ја подобрува нашата способност да споделуваме и постигнуваме заеднички цели. Одговорноста е клучна, а мислата дека постојат луѓе кои се исто толку посветени на комуникацијата, градењето и развојот, нѐ мотивира да останеме фокусирани и посветени на она што е најважно.

За време на празниците на крајот на минатата година, одвоив време за семејни активности, меѓу кои беше и изборот на децата – новиот филм Willy Wonka. Повеќето од нас се запознаени со извонредниот лик во срцето на оваа приказна. И кој може да не биде фасциниран од најдобриот создавач на бонбони и волшебен чоколадер, Willy Wonka? Надвор од очигледното чудо на површината на приказната, таа носи и длабока порака дека сѐ е можно.

Како возрасен гледач на филмот, го препознав Willy Wonka како врвен пример на претприемач. Под влијание на неговата мајка, тој сфатил дека најубавите работи во животот започнуваат со мечта и тој успеал да ја претвори својата во реалност. Веднаш забележав јасна врска со тоа што го правиме ние, како и фактот дека претприемништвото е во јадрото на Форевер и е дел од нашата мисија.

Wonka станал експерт за својот производ, смислил маркетинг план и го исполнил. Исто како него, секој од вас презел чекори да се фокусира на дејствата и можностите. Се ослободивте од стравот и ја претворивте вашата страст во профит. Презедовте иницијатива да ја искористите вашата креативност, вештини и талент, за да создавате нови можности, си дозволивте да размислувате и мечтаете за големи работи!

Но, тука е различното – Wonka не е само одличен пример за сонувач, тој се издвојува со неговиот пристап кон продажбите. Не се стремел да ги сруши другите за да постигне успех и да продава повеќе. Напротив, тој верувал дека секој заслужува шанса да ги проба неговите вкусни и иновативни задоволства.

Ова важи за сите вас. Научивте да одржувате добри односи со вашите клиенти, ја прифативте идејата за соживот и поддршка на колегите сопственици на Форевер бизнис и на вашите тимови, бидејќи тоа го поттикнува личниот успех и благодарноста.

Во целата историја на Wonka гледаме многубројни познати предизвици со кои се соочува секој нов бизнис, како и потребните промени за справување со пречките. Дури после нив тој ја сфаќа тајната која мајка му не му ја открила кога бил мало момче: „Тајната е во тоа што не е важно чоколадото, туку луѓето со кои го делиш.“ Оваа фраза одекна во мене и ме поттикна да се замислам за тоа како во Форевер го нагласуваме значењето на взаемните односи кои ги градиме.

Нема подобра аналогија на нашата извонредна компанија. Нашите производи имаат ненадминат стандард за извонреден квалитет. Иако цврсто верувам дека нашата можност за бизнис е најдобра на светот, многу е важно да препознаеме дека земени поодделно, ниту производите, ниту бизнисот можат да го реализираат својот потенцијал. Незаменливата величина во нашата равенка сте вие и луѓето со кои ги споделувате. Ова е приказна без крај за раст и претприемништво, во која многумина од вас тргуваат по различни маршрути во своето патешествие. Но, заедничкиот именител е дека треба да раскажуваме за Форевер!

Да ја направиме 2024-та година на поврзување и сплотеност. Споделувајте за производите, за бизнисот и зборувајте за вашата страст. Бидејќи како и чоколадите на Willy Wonka, така и Форевер не треба да се чува во тајност, туку треба да се сподели!

До скоро,

Aidan O`Hare

Претседател на Форевер Ливинг Продактс Интернационал

Споделете со пријатели:

Нагоре