Учете од предизвиците
Знам дека не се гледа, но јас сепак спортувам по малку. Отсекогаш сум го сакал движењето, но имам чувство дека независно колку сериозно тренирам, колку долго пливам, трчам или возам велосипед, секогаш изгледам исто.
Но, да бидеме искрени, сигурен сум дека тоа има повеќе врска со пицата која ја јадам, отколку со физиологијата или генетските предиспозиции!
Сакам да ви раскажам за еден рид – да го наречам „мојот рид“. Тој е многу стрмен, со нерамен терен, правлив и тежок за искачување. Во последните 20 години редовно одам со колата до блиската планина и трчам, се тетеравам, пешачам а понекогаш дури и ползам по седум-километарската траса што сум си ја зацртал.
На трасата има неколку ридови, но една конкретна делница секогаш ме предизвикува. Со текот на времето таа делница стана еден вид казна за мене – мој Голијат, бариера, извор на болка што сакав да го избегнам. Независно од мојата физичка форма или тежината во дадениот момент, искачувањето на ридот никогаш не стануваше полесно.
Но, неодамна се обидов да ја сменам мојата перспектива на психолошкиот аспект на искачувањето, наместо да се фокусирам на моќта на белите дробови и нозете. Предолго мојот голем напор и дискомфорт ме потискаа и си мислев дека не постигнувам ништо. Овие чувства го засенија фактот дека брзината на искачување значително се подобруваше! Но јас не го забележав тоа, бидејќи ми недостасуваше посветеност и трпение да одредам начин за мерење на моите постигнувања.
Еден пријател со кого заедно порано пешачев, неодамна повторно ми се приклучи и токму тој го забележа мојот напредок, давајќи ми репер за евалуација. Напорот што го вложив изгледаше ист, но се покажа дека резултатите се различни.
Сите страдаме од нешто слично во нашиот живот и најмногу во нашиот бизнис со Форевер. Не си поставуваме разумни и точни параметри за проценка, а и често се споредуваме со другите што всушност нѐ оддалечува од постигнувањето на целта. Во нашите животи и работа има стрмни предизвици како и спуштање по инерција кога работите се одвиваат без проблеми. Но има и многу здодевни рамни отсечки. Треба да внимаваме и да бидеме искрени со себе си, за да не подлегнеме на искушението да се споредуваме со другите. Животот не е серија од објави на инстаграм или фејсбук, во кои го запечатуваме најдоброто од себе и го претставуваме тој дел од секундата како целосна слика. Животот е далеку посеопфатен.
Мислам дека кога ќе го погледнеме човечкото постоење, работите се донекаде слични. Спорадичните одлични и возбудливи моменти се менуваат со стрмни искачувања. Но има и многу периоди во кои се движиме напред и опстојуваме. Треба да им дозволиме на потешките моменти да се убави, значајни и корисни. Тогаш растеме, стануваме побрзи и ја развиваме нашата издржливост. Тогаш градиме долготраен успех.
Така, наместо да го мразам својот рид и да му дозволам да ме плаши или пак да се обидувам да го избегнам, јас го променив начинот на кој размислувам за него. Сега сум речиси благодарен што го има. Мојот рид ми го закрепна срцето и нозете, ме научи да сум жилав и да ми е удобно со тоа што ми е непријатно.
И така, со мали корекции, направив мојот непријател да ми стане пријател – определив параметри за објективно мерење и го променив мојот начин на размислување за да прифатам дека тоа што ми отежнува, всушност ме прави посилен.
Учете од предизвиците со кои се соочувате по патот, и не ги заборавајте. И запомнете, наградата може да ве чека на врвот, но понекогаш таа се крие во самото патешествие нагоре.
Се гледаме наскоро,
Aidan O`Hare
Претседател на Форевер Ливинг Продактс