Стимул што не можете да си дозволите да го игнорирате

По материјали на Форевер Велика Британија

Сигурно веќе знаете за тримесечната бизнис иницијатива LEAP TO LONDON – вашата можност да се квалификувате за учество на првиот европски настан на Форевер во 2024!

Што е LEAP TO LONDON?

Повеќе од 2 000 сопственици на Форевер бизнис ќе се сретнат во импресивниот модерен простор на Magazine London од 2 до 4 февруари. Квалификуваните ќе уживаат две ноќевања, тридневни настани, вклучително обуки, Ден на успех, ексклузивна забава и многу инспирација, како и €150 компензација за транспортни трошоци. Погледнете ги правилата ТУКА.

Зошто бизнис промоциите се важни за градење на бизнисот?

Aine French e Менаџер од Обединетото кралство и се квалификувала за многу програми за стимулирање на Форевер, меѓу кои средбата на Менаџерите ОРЕЛ и летната иницијатива YES, YOU CANNES. Таа сподели: „Бизнис промоциите и програмите за стимулирање ми го променија животот. Брзо сфатив како тие можат да го придвижат мојот бизнис. Како самохрана мајка, првично се вклучив во Форевер единствено заради доходите. Имав мала самодоверба. А денес не можам да ви опишам колку беа важни за мене признанието и можноста да патувам и да се запознавам со други сопственици на Форевер бизнис. Комуникацијата и обуките за време на тие настани ме инспирираат и исполнуваат со енергија да го градам својот бизнис, ја закрепнуваат мојата самодоверба и вештини. Јас навистина сум нов човек – личните достигнувања и признанието ве обликуваат на незамислив начин.“

Aine сподели дека од практична гледна точка, краткорочниот фокус потребен за време на квалификациониот период, многу ѝ помага да ги дефинира секојдневните активности, да го следи напредокот и да се задржи мотивирана со јасна претстава што треба да постигне во дадената временска рамка и како точно ќе го направи тоа. Таа признава дека го купила билетот за Кан само неколку дена по објавувањето на иницијативата, бидејќи била цврсто решена да се квалификува.

Aine додава: „Особено сум воодушевена од СКОКНЕТЕ ДО ЛОНДОН бидејќи е остварливо и за мојот тим, а да бидам во Лондон со нив ќе биде црешата на тортата за мене. Имам многу посебни спомени од моите патувања со Форевер и сакам сите да ги доживеат.”

Британскиот Менаџер ОРЕЛ Bernie Rafferty додава: „Квалификацијата е дел од предбожиќниот период, што ја прави уште полесно исполнива. Бизнис промоциите и програмите за стимулирање го движат вашиот бизнис независно на кое ниво во маркетинг планот се наоѓате. Тие се ефективни, бидејќи човек чувствува дека напредува, а малиот раст е отскочна даска кон поголемиот. Усовршувањето на вашите вештини за спонзорирање и помагањето на вашите соработници да го развиваат нивниот бизнис се фундаментални за вашиот долгорочен успех. LEAP TO LONDON ни нуди токму таков фокус, а резултатите од иницијативата ќе го стимулираат вашиот бизнис и ќе ве подготват за понатамошен раст и успеси во 2024 год.“

Следете го вашиот напредок во LEAP TO LONDON со помош на шемата за следење и не ја пропуштајте шансата да дадете поттик на вашиот бизнис!

Споделете со пријатели:

Нагоре