Водете ги луѓето давајќи им добар пример

Грег Мон, Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Сега е моментот да погледнеме напред и нагоре. Пред нас е новата година, направете си план, работете по него и останете посветени на вашите цели.

Пред 92 години во својот главен град Монтевидео, Уругвај беше крунисан како прв шампион во Светското првенство во фудбал. Оттогаш на секои четири години, фантастичниот турнир го плени светот собирајќи ги најдобрите фудбалери во светот за да се натпреваруваат за златниот трофеј и најмногу од сѐ – за националната гордост.

Го сакам Светското првенство. Неговиот сјај, енергија, дружење и тимската работа нѐ инспирира сите да веруваме во еден подобар свет. За мене Светското првенство има уникатно влијание! Благодарение на Форевер патувањата имам чест да посетувам и да имам пријатели во повеќето држави претставени на турнирот. Не можам да гледам натпревар без да мислам на вас – како седите дома, во кафулиња или барови и навивате за вашиот тим!

Едни од највпечатливите „странични ефекти“ на вашата работа со Форевер се изградените тимови и пријателства кои се значителни и синергични. Независно кои сте, од каде сте и каков јазик говорите, во Форевер сте добредојдени. Нема бариери, граници или пречки, влезот е слободен. Тука имам тим за вас.

Но тоа е само почеток, бидејќи во Форевер го чекориме целиот пат до успехот. Градењето на бизнис со компанијата е патување кое бара напорна работа, посветеност, трпение и ангажман. И како во секое патување, тука исто има возбудливи моменти кога нѝ се чини дека сѐ оди како што треба, но и долги и стрмни угорнини кога сѐ нѝ изгледа тешко и губиме ритам. Знам дека сите сме го доживеале и едното и другото, особено во последните години. За Форевер како компанија работите не се поразлични – во 2022-та поминавме низ сето ова и многу повеќе!

Изминатата година беше исцрпувачка, но гледајќи наназад, јас сум воодушевен од сѐ што постигнавме заедно. Нашиот успех го должиме на вас и на нашиот неверојатен персонал. Во последните две години и покрај импресивните достигнувања се соочивме и со доста пречки, но Форевер е сѐ уште силна и тешкотиите само нѐ зајакнуваат! Докажавте дека сте издржливи и покажавте зошто сте возможно најдобрите.

Гледајќи напред кон новата година, нашиот примарен фокус е да го зацврстиме ставот за раст. Во секој аспект на нашиот бизнис и најмногу со вас – сопствениците на Форевер бизнис, ќе се движиме напред за да го напуштиме начинот на размислување за поддршка кој беше наложен од пандемијата, за да се вратиме на нашиот вообичаен начин на размислување за профитабилен раст.

Што значи тоа? Прво, значи дека основните работи остануваат непроменети. Ќе продолжиме да го правиме тоа што треба, водени од правилните мотиви. Основните принципи на Форевер нема да се променат.

Се разбира, сите ќе продолжиме да ги користиме и продаваме производите, да запознаваме нови луѓе со бизнис можностите, ќе бидеме активни со 4 б. и ќе се квалификуваме за дарежливите програми за стимулирање.

А начинот на размислување за раст бара да си поставиме остварливи цели, да избегнуваме фактори на расејување и да не отстапуваме од предвидениот курс. Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите и да се стремиме кон одлична услуга, обучувајќи сѐ одлично да ги познаваме производите.

Запомнете, вие сте премногу важни и вашето време е премногу вредно за да биде потрошено на активности кои не придонесуваат за вашиот раст.

Средбите и обуките влијаат на растот и затоа организираме настани во целиот свет. Претстои Глобалното рели во Бали кое ќе се одржи во април. Тоа ќе биде одлична можност да празнуваме, да учиме и да се надополнуваме заедно. Ако сте се квалификувале, честитки! Ако потфрлите, ќе нѝ недостасувате и ќе ве бараме во онлајн публиката, но нема да ве исклучиме од следната квалификација. Разочарувањето претворете го во мотивација, не дозволувајте неостварените цели да ви попречат да си поставите нови!

Сега е моментот да погледнеме напред и нагоре. Пред нас е новата година, направете си план, работете по него и останете посветени на вашите цели.

Вашиот план никогаш не треба да има крај – ако се квалификувате за една програма за стимулирање, продолжете да работите за следната! Периодите за квалификација се така направени да го насочуваат растот преку целата година и да ви дозволуваат да изградите и одржувате замав. Всушност сѐ уште имате време да се квалификувате како Менаџери ОРЕЛ за средбата во Патаја, Тајланд! Менаџер ОРЕЛ е исклучително дарежлива и ефективна програма за стимулирање. Знаеме дека не е лесно, но водете ги вашите луѓе со добар пример и со став дека вашиот бизнис ќе расте.

Со таква посветеност, она што е вредно во Форевер ќе се зачува ако го градиме како што треба. Ние треба да правиме исто како тимовите на Светското првенство, кои треба да работат заедно за да ги постигнуваат своите цели. За играчите, турнирот е она што е најважно. Исто како нив и за мене е најважно да знам дека дадов сѐ од себе, дека не сум штедел труд, дека целосно се дадов. Затоа што сфатив дека ако го правам тоа значи сум на прав пат кон постигнување на целите. Се надевам дека и вие мислите така и дека во 2023-та ќе имате желба да се дадете целосно.

Продолжете да се фокусирате на она што е најважно за вас и се надевам дека наскоро ќе ги прославиме вашите достигнувања заедно!

Среќна Нова година,,

Грег Мон

Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Споделете со пријатели:

Нагоре