Да им го вратиме детството на нашите деца

Форевер Бугарија

Родителите се подготвени да направат сѐ за нивното дете да се чувствува добро. Во модерниот живот, ниту најмалите не се поштедени од напорното секојдневие – трчаат на часови по јазик, пијано или балет, брзаат на спортски настани или пишуваат повеќе домашни отколку што мислиме дека е можно. Често нивниот распоред е позафатен од нашиот. Само размислете колку нас нѝ е тешко да го вклопиме движењето и спортот во нашето секојдневие.

Сепак, мора да има начин на нашите деца да им го вратиме детството и радоста од игрите на отворено. Решението лежи во рамнотежата меѓу работа и забавата. За среќа, децата лесно се адаптираат и со мали корекции во нивниот режим на движење и исхрана можеме да го балансираме и нивниот и нашиот начин на живот. Еве неколку совети за постигнување на рамнотежа од рана возраст.

Движење

Не можете да најдете време за спорт? Направете го тоа дел од друга планирана активност. Кога сте излезени со вашите деца, пешачете или возете велосипед наместо да се движите со кола или градски превоз. Одете горе-долу по скалите наместо со лифт. Паркирајте подалеку од продавницата кога одите заедно на шопинг.

Иако не може да се негира дека нашите деца растат во електронска средина, сите знаеме колку е лесно да изгубиме неколку часа сурфајќи на интернет или менувајќи ТВ канали. Дури и да прифатиме дека кратко време пред екранот може да нѐ релаксира, треба да си признаеме – самоконтролата не е лесна. Нека ви стане пракса да го ограничите времето кога вашето дете гледа телевизија, филмови, или игра игри на компјутер на помалку од два часа дневно.

Еден од начините да го постигнете тоа е да се договорите со него да си ги „заработи” минутите пред екранот со исто времетраење на физичка активност. Така детето ќе почне да сфаќа колку време поминува во друштво на електронски уреди.

Планирајте семејни одмори кои вклучуваат движење – велосипедизам, планинарење, пливање, веслање, јавање, скијање и др.

Купувајте им на децата подароци со спортска ориентација - тениски рекет, јаже за скокање, топка, велосипед или тротинет, летачка чинија и др.

Негувајте пријателства со деца кои играат надвор секојдневно.

Исхрана

Понекогаш, кога сме премногу зафатени, првото нешто кое е жртва на стресот и недостатокот на време се трите корисни оброци кои треба да ги имаме секој ден. Дури и ако трошиме само по половина час за јадење, тоа значи вкупно по десет и пол часа седмично кои треба да ги посветиме на здравата исхрана. И ако го пресметаме реалното време за купување, подготовка, готвење, јадење и чистење, вкупниот број часови е 21. За да се балансира напорниот распоред, важно е детето да го започнува денот наутро со појадок кој вклучува цели зрна, овошје и протеини. Не треба да дозволите слатките закуски да станат навика.

Дозволете им на вашите деца сами да планират барем еден оброк неделно, за рано да ги научат принципите на балансираната исхрана.

Погрижете се во вашиот дом секогаш да има различни опции на здрави ужинки– свежо овошје, зеленчуци, зрнести ужинки и крекери, кои децата може да ги јадат во движење.

Научете ги од мали нозе да ги читаат етикетите на храната и да бараат корисни состојки како витамини, минерали и протеини и да ја ограничат храната во која преовладуваат заситени масти, шеќери и други јаглехидрати.

И да не заборавиме дека детските витамини ФОРЕВЕР КИДС можат да нѝ помогнат да одржуваме рамнотежа кај децата во раст во моменти кога исхраната може за кратко да не ни е под контрола. Вкусните таблети за џвакање обезбедуваат витамини, минерали, микроелементи и фитонутриенти од одбрано овошје и зеленчук.

Сите го сакаме најдоброто за нашите деца. Ако им дадеме рамнотежа од рана возраст, тие ќе растат здрави и среќни.

Споделете со пријатели:

Нагоре