Промисленоста е во срцето на Форевер
Само што се вративме дома од чествувањето на 45-та годишнина на Форевер со нашето глобално семејство на Глобалното рели во Бали. Неверојатно убавиот остров, исполнет со чувство на заедница, беше идеалното место да го одбележиме важниот настан во историјата на нашата компанија.
Благодарност до сите што работеа напорно и беа со нас на Бали. На оние кои не успеаја оваа година, ќе им кажам: „Нѝ недостасувавте и со нетрпение очекуваме да ве видиме на следниот настан!“
Исклучително сум импресиониран од нашиот неверојатен персонал, екипа и партнери и нивниот труд за време на настанот и најмногу за спасувањето на Chairman’s Bonus забавата. Свесната посветеност на една повозвишена идеја е тоа што нѝ помага да се справуваме со предизвиците. Промисленоста е во срцевината на Форевер, таа е вткаена во нашите основни вредности.
За мене, промислениот живот изграден околу личните верувања, е нешто реално. Но јас поинаку го нарекувам –„Форевер живот“. Тоа е нешто што го научив од Рекс. Тој живееше така секој ден и со секого. Тој промислено ја создаде рамката на Форевер – од растението до производот и до вас.
Од таа стабилна основа Форевер израсна во компанијата која ја познавате денес. И растот на вашиот Форевер бизнис е многу сличен.
Исто како што на нашите милиони алое вера растенија им треба одгледување, на новиот Форевер бизнис му треба грижа преку последователна поддршка и обуки. Исто како што е потребно производите да имаат висок квалитет, и вашиот бизнис има потреба да биде правилно граден. И на крајот доаѓате ВИЕ. Вие сте сѐ во тој процес – светлината, енергијата за бизнис и човекот кој има способност да променува животи. Нашите растенија и производи се чисти и конзистентни. Бизнис можноста е докажана. Разликата сте вие.
А како можете да живеете промислено? Како можете да живеете Форевер живот? Клучот е да запомнете дека секој ден е можност да го правите најдоброто што можете, за да постигнете совршенство.
Како би изгледал еден ден на совршенство за сопственикот на Форевер бизнис? Можеби можете:
- да поканите пет нови луѓе да ги пробаат производите или да научат за бизнисот;
- да ги користите производите;
- да спонзорирате нов соработник;
- да продадете барем еден производ;
- да имате корисен контакт со вашиот тим;
- да користите ФЛП360 за да ги следите програмите за стимулирање и состојбата на вашиот бизнис.
Совршенството се постигнува промислено; тоа е дел од Форевер животот. Знам дека бара многу труд и посветеност. Но Форевер како компанија верува во вас и јас самиот исто верувам во вас. Знам дека вашиот потенцијал е безграничен.
При секоја еволуција во историјата на Форевер ви ветувам едно – срцевината на Форевер бизнисот нема да се промени. Нашите вредности се тврдокорни. И како сѐ што правиме во Форевер, маркетинг планот исто е промислено разработен. Неговата цел е да го стимулира растот и да го наградува совршенството меѓу сопствениците на Форевер бизнис, кои покажуваат лидерски способности и им помагаат на другите да постигнат успеси. Со други зборови – го наградува секој што живее Форевер живот.
Додека воодушевувањето од Глобалното рели е сѐ уште свежо, размислете како можете да продолжите да носите светлина и промена за вашиот тим и за секој што го среќавате.
А сега да го направиме денешниот ден како и секој следен, совршен!
До скоро
Aidan O`Hare
Претседател на Форевер Ливинг Продактс