Имуно здравје

Форевер

ФОРЕВЕР ИМУНО е нов производ кој содржи комбинација од 10 витамини и цинк за поддршка на имунолошкиот систем. За да научиме повеќе за научната основа на неговиот состав, разговаравме со директорот за квалитет на Форевер - Кристофер Алтамирано, кој има повеќе од осум години искуство во контролата на квалитетот, како и во истражувањето и развојот на додатоците на исхрана. Две години студирал и имунологија, што му дава уште подлабок увид во создавањето на овој додаток на исхрана.

Што претставува ФОРЕВЕР ИМУНО?

Новиот додаток на исхрана на Форевер обезбедува 10 витамини и цинк во дражеи за џвакање на растителна основа во целост. Тие се вкусни, лесно се џвакаат, имаат природна сладост и пријатен тропски мирис.

Зошто се важни додатоците за имунолошкиот систем?

Имунитетот претставува комплексен систем од клетки, протеини, органи и антитела. Иако помислуваме на нив само кога се бориме со настинки и грипови, одбранбените механизми на нашето тело всушност работат во позадина секој ден од нашиот живот. Тоа значи дека дефинитивно е добра идеја да ја поддржиме нивната нормална функција.

Што го издвојува ФОРЕВЕР ИМУНО од останатите додатоци за џвакање на пазарот?

Повеќето додатоци на исхрана кои се џвакаат се на желатинска основа – состојка која вообичаено се добива од животински извори. ФОРЕВЕР ИМУНО има целосно вегански состав, така што во неговата формула нема нус производи од животинско потекло. Желатинот во меките дражеи е заменет со модифициран тапиока скроб, што влијание на нивното однесување на топло и влажно време – тие се постабилни и со помала веројатност да се растопат или да се залепат една за друга.

Кои се основните состојки на производот?

ФОРЕВЕР ИМУНО содржи клучни витамини и минералот цинк за поддршка на имуните клетки и другите системи во телото.

  • Витамините A, B6, C и D3 придонесуваат за здрав имунолошки систем.
  • Антиоксидантните витамини C и E ги штитат клетките од оксидативен стрес.
  • Витамините K1 и D3 помагаат за одржување на здравјето на коските.
  • Витамините B6, B12 и биотинот го поддржуваат нервниот систем.
  • Додадениот цинк обезбедува уште поголема поддршка за имунолошкиот систем и когнитивните функции.

Како овие нутриенти го поддржуваат имуното здравје?

Витамините B6, C и D придонесуваат за нормалната функција на имунолошкиот систем. Витаминот C исто придонесува за намалување на чувството на замор и помага за заштита на клетките од оксидативен стрес. Витаминот B12 придонесува за нормалната функција на нервниот систем и за нормалното одвивање на метаболизмот и производството на енергија. Витаминот K придонесува за одржување на нормална состојба на коските. Цинкот помага за одржување на нормална коса, кожа и нокти.

Какви истражувања правевте за да ја откриете точната формула?

Врз основа на статии и истражувања од одобрени специјалисти во областа, експертскиот тим на Форевер определи дневна доза од две меки дражеи ФОРЕВЕР ИМУНО за да бидат ефикасни и безбедни.

Споделете со пријатели:

Нагоре