Здрави совети за горештините
Лето е и е топло! Многу жешко! Сезоната има многу придобивки во кои сите уживаме – одмори на море или планина со семејството, одмор од работа и училиште, водни забави во базен, игри на отворено и што уште не. Но и летните денови имаат свои демони: изгореници од сонце, замор, дехидрација и проблеми поврзани со опасно високите температури. Еве неколку совети како да го одржите вашето здравје и виталност и покрај жештините.
Климатизација
Поминувајте извесно време во климатизирани простории ако имате можност. Тие го намалуваат стресот на организмот. Ако немате клима уред или планирате да бидете долго време на отворено, вметнете во вашата програма еден-два часа шопинг во голем трговски центар, одмор со книга во рака во библиотеката или во друга јавна зграда што нуди свежина.
Капење
Кога температурите надвор надминуваат 30 степени, дури ни вентилаторите не помагаат. Можете да ја намалите телесната температура со ладно туширање или капење. А ако пак имате среќа да сте близу до базен, река, езеро или море – скокнете во свежата вода!
Облека
При големи горештини важно е да размислите и за вашата облека – носете лесна и широка облека во светла боја.
Превозни средства
Никогаш не оставајте човек или животно во затворен автомобил, паркиран на жешкото сонце! Деца, домашни љубимци, возрасни луѓе или кој било друг. Дури и ако клима уредот работи, можно е колата да изгасне додека ве нема. Не заборавајте и на ризикот крадец да упадне во автомобилот и да го украде заедно со беспомошното дете, куче или маче.
Предупредувачки знаци
Бидете внимателни за знаците на здравствени поплаки, поврзани со жегата. Човек кој страда од топлотен удар може да почувствува вртоглавица, слабост или вознемиреност. Меѓу другите поплаки се главоболка, недостаток на урина, забрзан пулс, конфузија, треска, а во напредна фаза – бесознание, или дури и кома. Топлотниот удар може да биде фатален!
Активности на отворено
Ако е задолжително да спортувате на отворено, ограничете ги активностите на раните утрински или доцните вечерни часови.
Течности
Избегнувајте алкохол, кофеин и слатки пијалаци, кои само придонесуваат за дехидрација. Пијте многу вода и додадете електролитен напиток при активности кои предизвикуваат обилно потење.
Одмори
Ако поминувате долго време на отворено во жешко време, правете кратки паузи на секои 15 минути, за да се разладите.
Заштита од сонцето
Носете шапка со широк обод или носете чадор, не заборавајте очила за сонце и ALOE SUNSCREEN сo фактор 30.
Производите на Форевер
Форевер нуди производи кои можат да ви помогнат да уживате во сонцето и летото.
Добро изладените АЛОЕ ПИЈАЛАЦИ не само што ќе ви донесат свежина, туку и ќе му обезбедат на вашиот организам корисни хранливи материи кои ќе му помогнат да се справи со неповолните услови во жешките денови.
FOREVER BEE POLLEN придонесува за добро здравје и му обезбедува вредни аминокиселини на прегреаното и изморено тело.
Без разлика дали се релаксирате во дворот со семејството или сте на плажа, не треба да го заборавите дополнителниот стрес што го предизвикува топлината на телото. Исто како што во зимата преземаме мерки пред да излеземе надвор за да се заштитиме од премрзнување – се облекуваме топло или пиеме чаша топол чај, така и во топлите месеци треба внимателно да се однесуваме кон здравјето и да не го изложуваме на ризици поврзани со високите температури.
Ви посакуваме пријатно лето!