Им помагаме на луѓето да го видат својот потенцијал

Стефан и Тања Стаеви

Се наближува крајот на уште една успешна година за сопствениците на Форевер бизнис од Бугарија и С. Македонија, во која по речиси две годишна онлајн комуникација и работа, повторно имавме можност да се вратиме на средбите и презентациите во живо.

Во јуни и октомври се собравме за да ги прославиме Деновите на успехот во Холидеј Ин во Скопје, а во октомври се одржа и специјална бизнис обука во Струга.

Продолживме да бидеме активни со онлајн средби и настани, но одржавме заедно и многу други презентации и обуки во живо и сето тоа нѝ помогна да не заборавиме дека сме дел од едно големо семејство – семејството на Форевер. Семејство во кое сите тежнееме кон заедничка цел – здравје и финансиска независност.

Ние сме во бизнис кој менува животи и му помага на секој што сака да ги најде слободата и балансот кои му се потребни. Од една страна им помагаме на луѓето околу нас да живеат похармонично со природата, информирајќи ги за нашите неверојатни производи. Од друга страна сакаме да сме дел и од постојано растечкиот пазар на производите за здравје и убавина. Благодарение на вредните состојки на природното чудо наречено алое вера, како и на високиот квалитет на сите останати прекрасни производи и на професионалниот систем на распространување на Форевер, многу луѓе имаат можност да си ги исполнат своите мечти.

Пред нас се Новогодишните и Божиќните празници. Во Форевер работиме заедно со пријатели, познати, роднини и соодветно со нивните пријатели и познати. Со луѓето кои нѐ познаваат и имаат доверба во нас, се работи многу полесно, нели?

Затоа и во деновите пред Нова година и Божиќ да помислиме за луѓето кои ги сакаме и да не заборавиме дека сакаме да им помогнеме и на нив. Зарем не би било одлично да ги израдувате вашите блиски со подароци од Форевер? Запознајте ги со производите на компанијата и дајте им можност и тие да изберат подароци за нивните познати. На овој начин тие ќе ви помогнат и за развојот на вашиот бизнис, за што можете однапред да им се заблагодарите.

Се разбира ова е само една идеја која ни покажува дека нашата работа во Форевер ќе биде многу поуспешна ако сме креативни и постојано мислиме и се грижиме за луѓето околу нас. Рекс имаше обичај да кажува дека „Моќта на Форевер е моќта на љубовта.“ Лесно е да ги сакаш луѓето со кои си опкружен секој ден, пријателите и роднините. Но она што го издвојува Форевер е тоа што поврзува секакви луѓе од цел свет. Многумина од нас никогаш не се сретнале, но не би се двоумеле да подадат рака за помош или да поткрепат со добар збор друг сопственик на Форевер бизнис или член на нашето Форевер семејство кога има потреба. Кога се грижите за луѓето и им помагате да си го подобрат животот, им давате можност да го видат сопствениот потенцијал да го променат светот околу нив на подобро. Така тие сфаќаат дека се достојни и способни да ги следат своите соништа. Тоа нѐ исполнува со страст и ентузијазам да раскажуваме за Форевер и да го споделуваме личното искуство.

Нашата компанија ги зближува луѓето и им помага да растат. Одете и вие напред и создавајте нови стандарди. Ова е вистинското време да се докажете и со нова енергија да го изодите патот напред. И ако вашето минато е скапоцен извор на искуство, запомнете дека иднината е збир од сѐ уште нереализирани мечти.

На сите ви посакуваме среќни и незаборавни Новогодишни и Божиќни празници!

Засекогаш Ваши

Стефан и Тања Стаеви

Генерални директори на Форевер Бугарија и С. Македонија

Споделете со пријатели:

Нагоре