Исправете ги рамениците и продолжете напред
Исполнет сум со оптимизам, надеж и воодушевување за иднината. Во Форевер секој ден напорно работиме за да се подобриме и приспособиме на промените со кои се соочуваме по патот.
Во моментот што ли не се случува во светот. Гледаме како војната повторно крева глава, ги гледаме ѕверствата и страдањата кои таа ги носи. Инфлацијата расте во целата планета и води до поскапување на животот и проблеми со снабдувањето кои го засегаат нашето секојдневие. Времињата се тешки и сакам работите да беа различни. Но сѐ ова се надворешни фактори. Иако не можеме да ги контролираме директно, изборот како да реагираме на нив е само наш.
Верувам дека човек е слободен сам да донесе одлука дали да делува или да остави да му биде делувано. Можете да го свиткате грбот и да се откажете или да ги исправите рамениците и да продолжите да чекорите напред со сознанието дека вашиот став, напорна работа и оптимизам, во комбинација со вашиот Форевер бизнис, можат да го променат сложениот свет на подобро.
Исполнет сум со оптимизам, надеж и воодушевување за иднината. Во Форевер секој ден напорно работиме за да се подобриме и приспособиме на промените со кои се соочуваме по патот. Се разбира, сето ова не го правиме сами. Ни требате вие, нашите добавувачи и нашиот персонал. Всушност, сите ние си требаме еден на друг.
Неодамна се сетив на овој принцип додека играв голф со двајца добри пријатели и Форевер колеги – Гарин и Ејдан. Тој ден на Ејдан никако не му одеше на голф игралиштето и неговите удари постојано ја испраќаа топката надесно. Разочаран, тој се сврте кон Гарин и побара помош. Гарин спремно направи неколку коментари и заедно коригираа една-две работи. Проблемот беше решен и Ејдан ја заврши играта со точни и прави удари.
Молчаливо набљудував како двајцата пријатели заедно решаваат проблем и се инспирирав. Без его, без срам или несигурност – само доверба, волја за поддршка и решенија. Можете ли да си претставите што би било ако им приоѓаме на сите наши проблеми на овој начин?
Секој од нас може да сподели со останатите нешто уникатно и моќно. Форевер е алатка, средство и можност која на сите, независно од материјалната состојба, им дава еднаква шанса да си изградат независен и необичен живот за себе и семејството.
Се разбира дека не е погоден за секого и има луѓе кои громогласно го критикуваат она што го нуди нашиот бизнис. Тоа е добро – како во сѐ во животот, секој има право на сопствено мислење. Сепак, ве повикувам да не дозволите овие гласови да го задушат потенцијалот. Знаеме дека кога се прави како што треба, нашиот бизнис е неверојатен начин луѓето да ги променат своите животи и животите на другите… заедно!
Продолжувајте да сте упорни,
Грег Мон
Претседател на Форевер Ливинг Продактс