Големите лидери ги инспирираат луѓето да видат повеќе во себе и во другите

Aidan O`Hare, Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Грижете сѐ повеќе отколку што другите мислат дека е разумно, мечтајте посмело отколку што другите мислат дека е практично и очекувајте повеќе отколку што другите мислат дека е можно.

Последните седмици беа напорни – освен нашата возбудлива работа во централната канцеларија, двајцата со Грег ги посетивме Англија, Унгарија, Франција и Јапонија, а јас продолжив кон Хонгконг! Прекрасно беше повторно да тргнеме на пат и да бидеме со нашите сопственици на Форевер бизнис. Секогаш нѐ пречекувате со раширени раце и сме благодарни за вашето гостопримство.

Има многу работи кои сакам да ви ги кажам, но да ви дадам кратко резиме – танцувавме на плажа во јужна Франција, изненадивме повеќе од 200 гости на претставување на можностите, организирано од Мики Беркич, гледавме залез на Дунав, плачевме на сцената со илјадници во Осака додека ги наградувавме нивните неверојатни постигнувања (вклучително двата „Дијамант-Центуриум“!) и оддадовме почит на драг пријател во убаво село во Велс. За нас работата претставува чест и задоволство!

Она што најмногу го сакам во нашиот бизнис се односите што ги создаваме. По природа на нештата што ги правиме и на самата компанија, има голема длабочина во нашите врски. А блискоста со колегите и пријателите ширум светот води и до исто толкава голема тага кога ќе изгубиме некого од нив. Во јуни се збогувавме со две маркантни личности – долгогодишниот британски лидер и член на ГЛТ Џон Кертис и поранешниот генерален директор на Индија, Амарџит Убхи. Двајцата ги посветија животите да помагаат Форевер да расте низ годините и секој од нив остави завет на добрина и успех.

Како што често правиме во такви моменти, и јас одвоив време да застанам и да подразмислам. Џон беше првиот човек кој ме запозна со бизнисот и браншата, и јас многу сакав да поминувам време со него. Тој умееше да те натера да се чувствуваш оптимистички настроен, самоуверен, поумен и да ти стане малку полесно. Кога бев младо момче од Ливерпул, Џон ме научи на повеќе работи отколку некогаш сам би можел да си претставам. Во моите први несмасни години во бизнисот тој ме насочуваше чекор по чекор, трпеливо и без критики. Амарџит беше пионер во Индија. Тој имаше топло срце и чувство за хумор, со чија помош се справуваше и со најтешката ситуација. Беше гостопримлив, мил, трпелив и смирен. Никогаш не губеше нерви и секогаш наоѓаше време за секого.

И двајцата беа успешни луѓе и нѝ дадоа пример кој треба да се следи. А која беше тајната на нивниот успех? Не можам да одговорам на тоа прашање, но размислувајќи за она што го научив од нив, открив заедничка нишка, иако секој стигнал до својот успех по многу различен пат.

И двајцата ги водеа луѓето со личен пример и ги учеа да се грижат повеќе отколку што другите мислат дека е разумно, да мечтаат посмело отколку што другите мислат дека е практично и да очекуваат повеќе отколку што другите мислат дека е можно. Со начинот на кој живееа и сакаа, тие ме научија да верувам во неверојатното и тоа ме промени од корен.

Сите големи лидери ги инспирираат луѓето да видат повеќе во себе и во другите. Точно тоа го правеа Џон и Амарџит постојано.

Низ годините сум забележал дека големите лидери исто се мили, учтиви и вистински заинтересирани за животот на другите, не се однесуваат без почит кон луѓето околу нив. Рекс беше таков не само во јавност, туку и во приватниот живот, истото важи и за Грег. Такви лидери поставуваат прашања и демонстрираат благодарност и смиреност дури и кога работите не одат. Тие остануваат смирени и се фокусирани на наоѓањето на решенија.

Затоа, кога животот или понекогаш смртта ќе нѐ отклонат од курсот, кога имаме повеќе прашања, отколку одговори, да не стануваме кавгаџии. Да наоѓаме решенија, да се надминеме и изградиме повторно. Исто како Џон и Амарџит да се повлечеме еден со друг нагоре кон следниот врв, да ги занемариме факторите на расејување и да трчаме надолу по спротивната падина за да одговориме на следниот предизвик.

Ова е возбудата и суштината на вистинското лидерство. Не се крие во микроскопските мигови на празнување. Ја чувствуваме кога сме исправени пред тешкотиите, кога слушаме некого сред ноќ или самоуверено го пресретнуваме ветрот на промената, за да им помагаме и на другите да ги надминат предизвиците.

Се гледаме наскоро,

Aidan O`Hare,

Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Споделете со пријатели:

Нагоре