Благодарноста е една од најефективните инвестиции

Грег Мон, Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Едноставното, искрено изразување на благодарност може да го разубави денот на соработник, барем малку да му ја подобри лошата седмица или дури и да го претвори неуспехот во корисна лекција.

Месецот од мојата последна порака до вас беше доста напорен. Со Ејдан летавме до Азија, за да гостуваме на нашето Форевер семејство таму – само за седум дена двајцата ги посетивме Сингапур, Малезија и Јапонија. Имавме можност повторно да се сретнеме со персоналот и сопствениците на Форевер бизнис со кои се немавме видено повеќе од две години. Беше навистина одлично да се вратиме таму!

Во Малезија патувавме до Џохор Бахру за Ден на успехот со неколку стотини воодушевени СФБ. Празнувањето беше прекрасно и исполнето со признанија, лични истории, фотографии па дури и танци. Со задоволство слушав за искуствата, успешните истории и за здравата работа потребна за да се изгради Форевер бизнисот.

Особено ме трогна историјата на една дама по име Равани. Таа е храбра и млада сопственичка на Форевер бизнис, која нѝ раскажа како Форевер ѝ дала самоувереност, доходи, слобода и можност да направи промени кога нејзиниот живот се претворил во хаос, откако на малиот син му била поставена дијагноза леукемија.

Таа раскажа како пред да стане СФБ требало да ја напушти работата за да се грижи за своето дете. Како што можете да си претставите, таа била преплашена за здравјето на синот, за губењето на приходите и каква иднина ја чека. За среќа, нејзиниот напорен труд дава резултат – детето ѝ се опоравило, а таа успева да си изгради бизнис со кој може да се издржува себе си и семејството.

Сите знаеме дека на Равани и нејзините блиски не им било лесно. За жал, немаат сите истории среќен крај како нејзината. Но, кога видов како Форевер ѝ обезбедил средство да се приспособи за предизвиците во нејзиниот живот, бев исполнет со длабоко чувство на благодарност.

Благодарноста сигурно е една од најефективните инвестиции кои можеме да ги вложиме во нашите тимови. Едноставното, искрено изразување на благодарност може да го разубави денот на соработник, барем малку да му ја подобри лошата седмица или дури и да го претвори неуспехот во корисна лекција.

Мислам дека затоа толку многу ми се допаѓа темата на 39-тиот роденден на Форевер Јапонија во јуни — „Благодарам“. Ја избраа од две причини. Првата, се разбира, беше дека се длабоко благодарни за речиси 40-те години континуиран успех и за нашиот однос со нашето семејство од СФБ таму. Втората причина е што изговорот на „триесет и девет“ на јапонски е „сан“ и „кју“, што звучи како англиското „благодарам“ — „thank you“. Таа фонетска игра на зборови беше идеална тема за ФЛП Јапонија и нивната прослава по повод 39 години континуиран раст и успеси.

Кога со Ејдан се качивме на авион за да одиме дома по нашата обиколка, размислував за размерите на Форевер. Компанијата постои 44 години, има милиони сопственици на Форевер бизнис, работи во повеќе од 160 држави, има над 100 производи, организира огромни светски настани, има огромен ланец за достава, управува глобални финансии и има илјадници вработени кои работат во комплицирано социо-економско време. Но кога размислував за сето ова, не се почувствував оптоварено или вознемирено; да бидам искрен, тоа ме инспирираше, бидејќи знам дека сме опкружени со најдобрите сопственици на Форевер бизнис, персонал и добавувачи во браншата.

Исправен пред Форевер, понизен сум и длабоко благодарен – тоа е компанија која може да им даде надеж на милиони како Равани, на такви како вас и мене. Во светот има уште толку многу луѓе со кои може да го споделиме бизнисот, и затоа ве предизвикувам да продолжувате да ја распространувате моќта на Форевер. Секој од нас треба со сите сили да ја негува посветеноста и да се труди секој насекаде да најде повеќе причини да каже „сан кју“.

Бидете истрајни,

Грег Мон

Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Споделете со пријатели:

Нагоре