Кози градинари

Форевер

Како близу 3 000 кози обезбедуваат еколошко плевење на нашите алое растенија

Многу од производите на Форевер тргнуваат од нашите алое полиња кои се простираат на вкупна површина од три илјади хектари во Тексас и Доминиканската Република. Секоја година таму одгледуваме околу 40 милиони растенија од видот Aloe Barbadensis Miller – највредната сорта од аспект на хранливост. Тие растат под јаркото карипско сонце и будното око на нашите кози градинари. Зрелите лисја се берат рачно, се испраќаат во преработувачките капацитети, а од таму во производството на Форевер.

Во Доминиканската Република Форевер одгледува близу 3 000 кози, кои цела година се грижат за алое насадите, го пасат несаканиот плевел и истовремено обезбедуваат природно ѓубрење. Козите ги јадат речиси сите растенија, вклучително и инвазивните видови, како и оние што се иритирачки па дури и опасни за човекот како отровниот бршлен. Тие обично пасат по шест часа дневно, што ги прави одлични природни градинари. Една коза може да изеде меѓу два и два и пол килограми фураж дневно и да произведе близу еден тон ѓубриво годишно. Ова прави речиси три илјади тони природно ѓубриво за алое вера растенијата на Форевер секоја година!

Симпатичните членови на Форевер семејството се од три различни раси и беа донесени на нашите алое полиња во Доминикана пред повеќе од 10 години. Во моментот работиме на проект за воведување на истиот еколошки метод на плевење и ѓубрење и на алое насадите во Мишн, Тексас.

„Низ светот, користењето на кози како природна варијанта за ослободување од несакани плевели и природно ѓубрење на определени култури е добро позната“, вели Рафаел Хернандес, корпоративен директор по здравје, безбедност и животна средина на Форевер.

Користењето на услугите на козите ја елиминира потребата од користење на силни хемикалии за ослободување од плевелите или за ѓубрење на почвата. Освен тоа, четириножните градинари го намалуваат количеството гориво кое е потребно за задвижување на машините што инаку би требало да се користат.

Хернандес вели дека козите го јадат плевелот што расте околу алое растенијата, но не и самите алое растенија, бидејќи нивните месести листови се премногу кисели за козјиот вкус.

Плевелите ја ослабуваат почвата со тоа што извлекуваат од неа хранливи материи, ако не бидат отстранети. Затоа работата која козите ја вршат е особено корисна за култивирањето на здрави и хранливи алое растенија. За возврат козите добиваат големи пасишта, изобилство храна и среќен живот.

„Козите на Форевер ја имаат негата како и секое животно на фарма“, вели Хернандес.

„Некои од работниците кои ги одгледуваат растенијата, се занимаваат и со козите, обезбедувајќи им доволно вода и посветувајќи им посебна нега на јарињата, одржувајќи ги здрави овие членови на Форевер семејството.“

Уште факти за алое полињата:

  • Целата вода со која се мијат алое листовите на Форевер, се рециклира и користи за наводнување на насадите.
  • Околу 40 милиони алое вера растенија кои ги одгледуваме во нашите полиња го пречистуваат воздухот од милиони тони јаглерод диоксид секоја година.

Споделете со пријатели:

Нагоре