Дајте ѝ пролетен поттик на вашата кожа

По материјалите на Форевер Велика Британија

Пролетта е сезона на обновување. Време кога сакаме да започнеме свежи и „пролетно чисти“ различни аспекти од нашите домови и животи.

Совршена е за преиспитување на нашата рутина за нега на кожата, бидејќи веќе размислуваме да изгледаме посветли и посјајни откако ги поминавме зимските месеци, заштитувајќи ја нашата кожа од посуви и постудени услови.

Сега е вистинско време да ги проверите и исфрлите сите производи со истечен рок. Веројатно има неколку производи наоколу што треба да се тргнат (не заборавајте да ги исчистите и вашите четки за шминка и апликатори: Алое-јојоба шампонот на Форевер е одличен за ова)

Независно од негата на вашата кожа, размислете за пилинг. Пробајте го Измазнувачкиот ексфолиант еднаш или двапати неделно или Гел маска за рафинирање.

Подеднакво е важно да ѝ дадеме на нашата кожа можност да изгледа најдобро преку исхраната и суплементацијата. А Форевер морскиот колаген е важен елемент во преземањето на холистички пристап за нега на кожата. Тоа е затоа што колагенот помага да се зајакне кожата, како и да се промовира еластичноста и хидратацијата.

Придобивките од колагенот

Како најзастапен протеин во телото, колагенот сочинува речиси една третина од протеините во телото и е градивен елемент на коските, кожата, сврзното ткиво, мускулите, тетивите и лигаментите.

Но, дали знаевте дека вашата цревна обвивка содржи колаген? Отприлика од 25-тата година, производството на колаген почнува да опаѓа, а од околу 30-тата година, тоа се намалува за околу 1% годишно. Не е ни чудо што Форевер морскиот колаген се покажува како толку популарен избор.

Покрај добрата рутина за нега на кожата, особено е важно да се јаде храна богата со протеини која го стимулира сопственото производство на колаген во телото како дополнителен поттик. Исто така, се смета дека шеќерот не е пријател на нашата кожа, така што секое намалување што можете да го направите во оваа област е многу важно.

Форевер морски колаген

Форевер морскиот колаген содржи високо био-достапен колаген, што значи дека лесно се апсорбира од телото и помага да се стимулира производството на колаген. Уште подобро, формата на ќесичката е одлична за секој начин на живот во движење и овозможува лесно да се вклучи во вашата секојдневна рутина.

Палетата за нега на кожа на Форевер има добиено над триесет награди од 2017 година, а Форевер морскиот колаген досега има три, вклучувајќи Best Collagen Supplement на Beauty Shortlist Wellbeing Awards во 2022 година.

„Убавината“ сè уште е главниот мотиватор за земање додатоци на колаген, кои станаа исклучително популарни во последните години. Глобалниот пазар за додатоци на колаген беше проценет на 1,99 милијарди долари во 2021 година и се очекуваше да достигне 2,08 милијарди долари до крајот на 2022 година.

Со неговиот пораст на популарноста, зошто да не го пробате Форевер морскиот колаген и да видите за што е целата врева?

Споделете го овој блог на социјалните мрежи

Користете ги копчињата подолу за да го споделите овој блог на вашите канали на социјалните медиуми и да ги известите потенцијалните клиенти за придобивките од користењето на Форевер морскиот колаген оваа пролет.

И не заборавајте да нѐ следите низ нашите канали на социјалните мрежи и да нѝ помогнете да прославиме 45 години Форевер. Посетете ја нашата страница на Фејсбук и нашиот кориснички профил на Инстаграм.

Споделете со пријатели:

Нагоре