Враќање кон начинот на размислување за работа по одморите и празниците

Од материјали на Форевер Велика Британија

Се надеваме дека во текот на летото и септември, кои се исполнети со празници, можевте да се одморите или дома или во странство и да уживате во одморот со пријателите и вашите сакани. Пред пандемијата, сите ја земавме можноста да патуваме каде било здраво за готово. Денес сме полни со благодарност што одморите повторно нѝ даваат слобода да истражуваме нови места во нашата земја и ширум светот.

И можеби токму оваа благодарност може да биде отскочна даска што ќе нѝ помогне да се вратиме во режим на работа со поголема желба од вообичаеното. Лесно е да посакуваме одморите да траат вечно, но контрастите се вредни во животот – работата и слободното време не мора да се исклучуваат меѓусебно. Сè е до нашиот став - нешто над кое имаме целосна контрола ако избереме да го вежбаме. Д-р Вејн Даер вели: „Кога го менуваме начинот на кој гледаме на нештата, работите што ги гледаме се менуваат.“ Толку многу мудрост во оваа едноставна мисла!

Веројатно сте ги наполниле батериите и додека сте имале време и простор за размислување, сте имале одлични нови идеи кои сте желни да ги испробате во вашиот бизнис или пак во начинот на кој го креирате вашиот ден. Можеби сте нашле активности кои само ја зголемуваат вашата зафатеност, но не ви носат резултати. Принципот Парето вели дека 80% од резултатите доаѓаат од 20% работа. Кои се вашите златни 20%? Нагласете повеќе!

Еве неколку совети како да се вратите во бизнисот по одморите и празниците:

  1. Запомнете го вашето ЗОШТО? Зошто тргнавте по патот да имате сопствен бизнис со Форевер? Што ви донесе? Ставете го сето тоа на хартија , бидејќи пишувањето нѝ дава јасна слика.
  2. Видете сѐ со вашиот спонзор. Ова е личноста која ве инспирирала да се вклучите. Вие верувате во него и во неговата визија. Спонзорот ја разбуди вашата сопствена имагинација. Дури и само 10 минути можат да бидат доволни за повторно да ве поттикне и да ве расположи.
  3. Прегледајте ги вашите цели – дали тие сѐ уште се релевантни? Можеби сте добиле некои нови идеи за време на празниците, па на вашите цели им треба малку дополнување. Ако е така, ревидирајте ги, за да ве испирираат и да одговараат на вашите нови цели и идеи.
  4. Не се преоптоварувајте на почетокот, но не и да го одолговлекувате. Секојдневно поставувајте си остварливи цели. Направете список со задачи секој ден и пречкртувајте ги додека ги завршувате. Со одмерено темпо на започнување, помала е веројатноста да се чувствувате преотоварени со работа. Значи 3-5 задачи во денот се сосема доволни.
  5. Научете нови работи. Вклучете се во онлајн учење или читајте книга што ќе ги развие вашите вештини и начин на размислување. Учењето и правењето нови работи нѐ исполнува и ја гради нашата сила и самодоверба. Не мора тоа да е поврзано со бизнисот, бидејќи секоја нова работа ви помага да растете и да се развивате.
  6. Доколку сѐ уште не сте ја пробале програмата DX4 , направете го тоа – тоа е совршена отскочна даска за умот и телото!

Споделете со пријатели:

Нагоре