Подгответе се за летото со Форевер

По материјалите на Форевер Велика Британија

Летото наскоро ќе биде во полн ек. Подолги денови, повисоки температури и шанса да уживате на свеж воздух и сонце. Добрата вест е што со Форевер денес започнува подготовката за летните денови.

Со нашите фантастични производи, вклучувајќи го обновениот ЗАШТИТЕН ДНЕВЕН ЛОСИОН и неверојатните додатоци како FOREVER MARINE COLLAGEN и нашите препознатливи Алое пијалаци, можете да бидете сигурни дека ќе бидете подготвени за летото на време.

Можеби е само почеток на мај, но веќе ви се врти мислата дека летото се ближи и треба да бидете подготвени за топлите денови. Сега е совршено време од годината да обрнете внимание на вашето здравје и виталност, и внатрешно и надворешно.

Обновете го вашиот режим за убавина на време

Сите го сакаме сонцето и како што се затоплува времето, поминуваме сѐ повеќе време надвор. Но, заедно со неговите многубројни позитивни ефекти врз нашето здравје, сонцето и општо опкружувањето имаат и несакани ефекти, особено на нежната кожа на лицето. Затоа, Форевер го обнови составот и дејството на ЗАШТИТНИОТ ДНЕВЕН ЛОСИОН од сината козметичка серија. Задачата на дневниот лосион е да ја заштити и негува кожата со природни масла и цинк оксид.

Погоден за сите типови кожа, напредниот лосион ги штити лицето и вратот од УВ зраци со фактор 20. Ефектот се должи на природно добиениот цинк оксид, кој не содржи нано честички и благодарение на напредната технологија што се користи, не остава бели траги. Лесната формула на лосионот ја негува, смирува и навлажнува кожата за целосно уживање во времето поминато на отворено.

Вашето лето започнува овде

Нашиот наградуван дневен додаток во исхраната FOREVER MARINE COLLAGEN станува задолжителен за секој режим за убавина. Содржи колаген, витамини и коктел од есенцијални хранливи материи за да го поттикне вашето тело да биде во оптимална форма на која било возраст и да ви даде самодоверба.

Со својата овошна арома, FOREVER MARINE COLLAGEN е исто така многу вкусен, а пригодните пакувања од 15 ml може да се носат каде било за да се пие и додека сте во движење. Не постои полесен начин да се поддржи хидратацијата и структурата на вашата кожа од внатре кон надвор.

Голтка здравје

Дали знаевте дека има над 400 сорти на алое? Но, само еден од нив ги докажа своите квалитети - Барбаденсис Милер. Исто така, тој е единствениот што ќе го најдете во нашиот потпис АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ. Со 96,2% гел од внатрешноста на листовите, тој е одличен и за кожата и за варењето.

Нашата алое вера се одгледува на плодни почви и клими со над 2.000 сончеви часови годишно. Тој е сертифициран од Меѓународниот научен совет за алое за неговата чистота и квалитет. Уште подобро, нашето алое со љубов се извлекува рачно за да можете да уживате во вистинската моќ на природата во секоја капка.

Додадете боја и мирис на вашето алое

Егзотичните овошја и тропските мириси во комбинација со алое се совршена подготовка за лето. Ако сте љубители на брусница и слатки јаболка, пробајте ALOE BERRY NECTAR. Со 90,7% чист гел од внатрешноста на листовите, успешно го поддржувате имунитетот и здравјето на кожата, а овошните адитиви не само што му даваат магичен вкус на напитокот, туку и го збогатуваат со антиоксиданси, а брусницата го поддржува и екскреторниот систем.

Многу омилена сорта на Форевер пијалоци е Aloe Bits N`Peaches. Вкусно, свежо и со дури 84,3% чист гел од алое вера, совршено е за секој ден и го подготвува телото за сезоната што претстои.

Но, неприкосновен фаворит за создавање „летно расположение“ е АЛОЕ МАНГО. Само една голтка од тропскиот мирис и сочната сладост на зрело манго, во комбинација со 86% чисто алое од нашите полиња, непогрешливо нѝ го насочува умот на летен бран. А, нашето тело секако ќе ни се заблагодари за виталноста и енергијата што ќе ни ги даде алоето и богатата содржина на витамин Ц во напитокот.

Споделете со пријатели:

Нагоре