Шест начини да привлечете повеќе кандидати

Том Шрајтер

Спонзорирањето е душата на мрежниот бизнис. Тоа е вештина од која зависи целата ваша кариера.

Не можете да стекнете вештини за наоѓање кандидати и спонзорирање, како кога купувате нешто и имате список со непознати координати . Тие исто така не се веб страна каде што можете да се најавите со корисничко име и лозинка и истата да ја заврши работата наместо вас. Пишувањето за нив на вашиот блог исто така не помага... Единствениот начин да ги совладате вистинските вештини за наоѓање кандидати и нивно спонзорирање е преку разговор со „живи“ луѓе.

Ако ги подобрите вашите перформанси во следните шест аспекти за само 10%, комбинираниот резултат би ја зголемил вашата деловна ефикасност речиси двапати. И да се постигне 10% повеќе не е тешко. Потребен е само малку труд за да научите да ги правите работите подобро. Еве шест аспекти на кои треба да внимавате.

ШТО КАЖУВАТЕ

Зборовите се важни. Повеќето луѓе во мрежниот бизнис не се во можност да ја напишат својата воведна реченица дословно. Или пак не успеваат да ја формулираат својата најдобра завршна реченица во писмена форма. Ако научите ТОЧНО што да кажете, суштински ќе ја промените работата. Секој пат се прашувате ли која влијателна фраза ќе го привлече вниманието на вашиот кандидат? Лош план! Подобро седете спокојно и мирно, размислете добро и напишете ја вашата најдобра воведна реченица. Научете ја совршено и секогаш започнувајте ги разговорите со неа. Гледајте ги резултатите. Постепено подобрете ја и пречистете ја вашата прва реченица. Ова е ваш бизнис, а не игра.

КОГА ЌЕ КАЖЕТЕ

Во мојата обука за лидерство, им покажувам на луѓето колку е важно да се избере вистинскиот момент. Еден пример е како ставот на една личност може постојано да се менува за само еден ден. Набљудувајте ги луѓето и размислете. Дури и ако ја кажете вистинската работа, ако моментот е лош - вашиот неуспех е загарантиран.

Но кога е вистинскиот момент? Ништо не може да ги замени вашите комуникациски вештини и сетила. Не е мудро да напаѓате некого без претходно да изградите разбирање меѓу вас. Размислувањето само за себе и за вашата програма исто така не е добар пристап. Обидете се да го погледнете состанокот низ очите на кандидатот. Ако размислувате за вашиот соговорник, ќе ви биде многу полесно да одредите кога е најдоброто време.

КАДЕ ГО КАЖУВАТЕ

Местоположбата исто така може да биде важна. Иако има далеку помала тежина од претходните два фактори, зошто да не го искористите како адут? На состаноци во хотелот, видов летоци за деловните можности оставени во машкиот тоалет. Дали мислите дека ова е местото каде што повеќето апликанти би барале идеи за сопствен бизнис? Обидете сѐ да ги претставите можностите што ги нуди компанијата во најпрофесионалното опкружување до кое имате пристап во моментот. Тешко дека ќе можете секој пат да бидете во софистициран амбиент, но обидете сѐ да не делите визит-картички или флаери на непознати на улица.

КАКО ГО КАЖУВАТЕ

Интонацијата нѝ овозможува да ги кажеме дури и најнемилосрдните вистини, за нашите кандидати да ги прифатат без предрасуди. Нашиот тон може да биде клучен во многу ситуации. Дури и најлесните модулации во гласот се важни. Доколку ја завршите реченицата со нагорна интонација, ќе ја истакнете вашата плашливост и двоумење, додека пак опаѓачката интонација на крајот од реченицата е знак на доверба.

ЗОШТО ГО КАЖУВАТЕ

Вашите кандидати ги „чувствуваат“ вашите вистински намери, благодарение на сложените потсвесни програми. Во Тексас ова го опишуваат многу точно со изреката: „Кучињата знаат кого да каснат.“ И вашите кандидати „мирисаат“ ако сте несигурни, неискрени или очајни.

Зошто да не ги примените следните тактики? Ако се обидете да закажете состанок само со еден единствен кандидат, ќе бидете под голем притисок. Доколку не успеете, вашиот неуспех ќе биде сто проценти и нема да има со кого да разговарате. Дали мислите дека нервозата нема да се забележи во вашиот глас и интонација?

Сега закажете три или четири состаноци и потоа повикајте го истиот кандидат. Веќе не сте толку приврзани за исходот од разговорот бидејќи знаете дека ќе запознаете уште тројца или четворица потенцијални нови соработници. Ќе звучите многу посигурно и вашиот кандидат ќе го почувствува тоа.

НА КОГО МУ КАЖУВАТЕ

Иако не треба да правите прелиминарна проценка на вашите кандидати, факт е дека некои од нив се понапред во својот личен развој од другите. Затоа, ако имате избор, зошто да не разговарате со оние кои веќе надминале некои од самоограничувањата што секој од нас ги наметнува?

Мојата лична најдобра воведна реченица е: „Дали сакате веднаш да започнете сопствен бизнис или сè уште сте во процес на истражување на можностите?“ Тешко е да се корегира разговор со некој кој сè уште не е зрел за оваа работа. Ова прашање веднаш кажува дали вашиот соговорник е подготвен да се приклучи на вашиот тим.

Споделете со пријатели:

Нагоре