Насоки кон бизнис без изненадувања
Често си зборуваме за природата на бизнисот со Форевер и за индустријата на мрежниот маркетинг. Веќе ви се добро познати често употребуваните термини како систем, дисциплина, конзистентност, цел, споделување, мултипликација. Вие веројатно можете да дополните уште многу важни зборови, кои се поврзани со нашата сфера на дејност.
Додека разменувавме идеи и мисли за нашата порака овој месец, дојдовме до заклучок дека успехот во нашиот бизнис зависи од неколку навидум едноставни работи кои во пракса се многу силни фактори. Да ги разгледаме…
+ СИЛНА ЖЕЛБА
Можеби звучи малку банално, но ако се обидувате да го развивате вашиот бизнис истовремено со уште неколку други ангажмани, навистина ќе ви треба силна мотивација и горлива желба за работа, бидејќи успехот во мрежната индустрија воопшто и во бизнисот со Форевер конкретно, се одредува од вашето ЗОШТО. Обидете сѐ да одредите која е најважната причина да започнете сопствен бизнис со Форевер. Вашето ЗОШТО го потхранува вашиот ентузијазам и желба за напорна работа и ве води до развој и успех.
+ ВЕРБА
Важно е да верувате во сопствените можности, во компанијата, во производите и во индустријата. Доколку се двоумите во однос и на само едно од наброените, нема да можете да се справите без турбуленции во овој бизнис.
+ ПОДГОТВЕНОСТ ЗА РАЗВОЈ И ОБУКА
Не е секој подготвен да излезе од зоната на комфор и да започне да учи нови вештини. Со Форевер ќе треба да се развивате во различни насоки, да усвоите нови пристапи и знаења, да градите сериозна доверба.
+ ПОСВЕТЕНОСТ
Успешните луѓе во бизнисот стандардно се флексибилни луѓе и секој неуспех го сметаат за нов почеток. Тие се целосно посветени на тоа што го работат. Застранувањето во различни насоки не им е својствено, а тешкотиите ги сметаат за неопходни чекори за развој во бизнисот.
+ ЖЕЛБА ДА СЕ КОМУНИЦИРА СО ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ
Ако уживате во процесот на споделување, разговори со различни луѓе, размена на информации и идеи, интензивна комуникација, вие веќе сте на пола пат. Ова секако одамна не спаѓа во рамките на едноставното разговарање лице в лице, туку ги опфаќа сите современи можности за комуникација. Веќе живееме во виртуелен свет кој дава можности за комуникација без граници.
А како дел од семејството на Форевер сите вие сопствениците на Форевер бизнис ја имате најмоќната алатка за успех – нашите производи. Претворете сѐ во производ на производите и ќе го направите највидливиот потег. Зошто? Па, многу едноставно –сите ќе видат во вашето лице здрав и енергичен човек со добра кондиција и позитивен однос кон животот. Секој ќе сака да знае како тоа го постигнувате, а вие ќе можете да споделувате какви се придобивките од производите за вас, за семејството и за вашите пријатели. И веќе сте го направиле првиот чекор за добивање на нов клиент или соработник. Заменете ги сите производи во домаќинството со соодветни од Форевер и секој ваш гостин ќе ве праша за нив.
Ете ова се едноставните, но многу ефективни чекори до успехот со Форевер. Не пропуштајте ниту една можност да ги споделувате бизнисот и производите, користете ги производите и секогаш бидете подготвени да помогнете.
Секогаш со вас,
Стефан и Тања Стаеви
Генерални директори на Форевер Бугарија и С. Македонија