Форевер живее во секој од нас
Запомнете дека мечтата на Форевер е поголема од кој било поединец. Таа се создава веќе 45 години, а пред нас се простира целата иднина.
Тешко е да поверуваш дека Форевер постои веќе 45 години. Го помнам моментот кога компанијата беше само семе на идеја околу семејната кујнска маса, а Рекс продаваше алое производи од нашиот дом. Дури и тогаш, најважен беше еден водечки принцип и оттогаш тој останал константа: „Основното се луѓето.“
Од своето основање, Форевер има моќ да ги промени животите и да им даде на луѓето иднина исполнета со повеќе здравје и надеж. Форевер е нешто поголемо од тоа што го правиме или продаваме; неговата смисла е да им даде на луѓето можност да го покажат најдоброто од себе. Оваа визија ја движи компанијата последните 45 години и ќе продолжи да нѐ движи и во иднина.
Имено, концепцијата која ги става луѓето на прво место и е отворена кон иднината, продолжува да диктира сѐ што правиме и денес – од производите што ги создаваме, до дарежливите програми за стимулирање. Таа нѝ помогна да израснеме од мал семеен бизнис до присуство во повеќе од 160 држави. Градењето на нешто вечно започнува од стабилните основи и јас верувам дека принципите воспоставени пред толку години му помогнаа на Форевер да го издржи тестот на времето.
Основата на Форевер е изградена сосема поинаку од повеќето компании и тоа по дизајнот. Нашиот затворен циклус на производство нѝ дава можност да го контролираме секој чекор од процесот – од растението до производот и до вас, за да ви ги предлагаме најквалитетните производи за здравје и убавина на пазарот.
Неодамна за време на обуката Accelerate 4, имав чест да видам како нови луѓе го доживуваат првиот дел од тој процес и местото од кое сѐ започнува – нашите алое полиња во Доминиканската Република. Неверојатно е да ги видиш преку очите на другите и да знаеш како ова растение преобразува животи. Ме потсети дека ден за ден сите ние носиме позитивна промена и правиме влијание на она што има најголемо значење за луѓето.
Изминатите неколку години ни покажаа колку силни може да бидеме ако останеме верни на клучните вредности и цврсти во нашата основа. Кога светот нѝ даде предизвици, ние најдовме решенија и нови начини да продолжиме напред и тоа заедно. Но светот продолжува да се развива со брзо темпо и ние не треба да заостанеме. Мојата задача е да го водам Форевер во нејзиното приспособување кон потребите на сопствениците на бизнис, на нашите вработени и на пазарот. Со растењето на глобалниот бизнис, структурата на Форевер станува посложена и затоа стратешкиот фокус и долгорочното планирање добиваат сѐ поголемо значење.
Поддржан од посветен тим, јас останувам фокусиран на тоа да го движам Форевер напред и да сум архитект на растот во нашето семејство од компании. Ќе продолжиме да градиме на нашата оригинална основа и вредности, додека учиме од минатото и ги слушаме вашите потреби, бидејќи вие сте нашето глобално семејство. Знам дека така ќе создадеме еден посилен Форевер, кој ќе биде подобен и за иднината, и за вас.
Запомнете дека мечтата на Форевер е поголема од секој поединец. Таа се создава веќе 45 години, а пред нас се простира целата иднина. Вие постојано ја создавате иднината на Форевер — нема граници за тоа што можете да го постигнете!
Наскоро ќе се собереме за да ги одбележиме успесите на Глобалното рели во Бали во втората половина на овој месец. Многу сум возбуден што ќе се видам со сите квалификувани и што заедно ќе прославиме 45 години на Форевер.
Форевер живее во сите нас. Да ги одржуваме основите стабилни и пламенот жив.
Бидете истрајни,
Maughan
CEO
Forever Living Products International