Вие сте човекот, сега е моментот и Форевер е начинот

Gregg Maughan CEO Forever Living Products International

Среќен сум што можам да ви кажам дека во Форевер имате можност да процветате, ако верувате во себе, останете посветени на целите и работите последователно.

Во последно време многу размислувам за независноста и слободата, можеби затоа што неодамна во САД го прославивме 4 јули. Но корените се подлабоки. Форевер како компанија и вашиот Форевер бизнис се формирани од овие идеали – тука е местото каде сте слободни да избирате како сакате да живеете и каде, сами решавате како да си го распределите времето. Вие навистина можете да бидете свој шеф!

При неодамнешното патување до Унгарија, посетив еден од нашите топ лидери – Миклош Беркич, кој е одличен пример како човек може да си создаде живота кој му се допаѓа, и да си изгради бизнис со напорна работа. Тој има и регистарска табличка на еден од автомобилите која гласи „Мојот начин“. Ова мото ме наведе на мислата дека Форевер е создадена за ВАС, нашите сопственици на бизнис, за да работите и живеете на свој начин! Независно дали Форевер ви носи основни доходи и патувања низ светот со неверојатните програми за стимулирање, или само дополнителни средства за да ги исполните вашите мечти, овој план и перспективите кои ги предлага се во вашите раце. Размислете… што е најважно за вас?

Како СФБ сте презеле одговорност да бидете сопственик на бизнис и како и во секој бизнис, успехот не доаѓа без предизвици. Можеби вашата цел е да се квалификувате за Глобалното рели на Форевер во Индија или за програмата Level Up, со која ќе ги посетите полињата со алое во Доминиканската Република, или пак можеби да го заработите вашиот прв Chairman’s Bonus чек. Сега е моментот да си ги припомните овие и други цели и да видите што е потребно за нивното постигнување, за да сте сигурни дека се движите по план. Сепак веќе измина повеќе од половината на 2023-та.

Овој месец ве охрабрувам да видите што ви е потребно за да го постигнете следното ниво во вашиот бизнис. Без оглед дали тоа е поактивно спонзорирање во тимот, или зголемување на продажбите, стремете сѐ да откриете потенцијал за раст. Дури и да не успеете да се квалификувате за програмата Level Up, ние сакаме да ја задржите вашата мотивација и да се насочите кон следното ниво во маркетинг планот. Нашата цел е преку визијата на Рекс и тоа што тој ни остави во наследство, да ви обезбедиме можности со чија помош ќе можете да избирате како да живеете. Среќен сум што можам да ви кажам дека во Форевер имате можност да процветате, ако верувате во себе, останете посветени на целите и работите последователно.

Ќе позајмам една фраза од Каутар Таџиу, еден од најновите членови на нашиот Глобален лидерски тим од Мароко: „Ако не ти, кој? Ако не сега, кога? Ако не со Форевер, со кого?“ Мислам дека тоа е одлично потсетување дека вие сте човекот, сега е моментот и Форевер е начинот!

Втората половина на 2023 година да ја започнеме силно. Поставете си големи цели, работете здраво и не се откажувајте, за да може да ја доживеете радоста од сите можности пред вас.

Бидете истрајни,

Gregg Maughan

Главен извршен директор
Forever Living Products International


Резултатите се индивидуални. Форевер не гарантира доходи, награди или успеси. Вашите постигнувања зависат од вашиот труд, посветеност, вештини и лидерски способности и колку успешно ги применувате. Ве молиме да ја погледнете годишната изјава за доходите на Форевер за повеќе информации.

Споделете со пријатели:

Нагоре