Вашите омилени производи се одлични за освојување на клиенти
Како сопственик на Форевер бизнис веројатно веќе сте пробале голем дел од разновидната палета на производи на компанијата. Од козметика, преку додатоци на исхраната и контрола на тежината до нашите алое пијалаци – Форевер нуди алое и други корисни природни состојки во различни форми за вашето здравје и убавина!
Сето ова е многу возбудливо, но може да биде малку збунувачки кога воведувате нови клиенти во светот на Форевер. Кои производи први да ги пробаат? Кои ќе им помогнат да ги почувствуваат неверојатните придобивки што толку нѐ радуваат нас?
Сметаме дека „Форевер омилените“ од сериите за лична хигиена и нега на кожата се одличен почеток. Неслучајно тие се меѓу најпродаваните – мнозина ги користиме секој ден и можеме да кажеме дека сериозно влијаат на нашиот живот изместувајќи ги производите кои претходно сме ги користеле. Еве неколку идеи со што можете да освоите нови клиенти.
Aloe Vera Gelly
Еден од најпопуларните производи ALOE VERA GELLY на Форевер го навлажнува, смирува и негува секој тип кожа, а особено е погоден за нега по изложување на сонце или како дел од нашата домашна аптека. Тоа е проѕирен гел кој не ја валка облеката и е најблиску можно до чистата внатрешност на листовите на алоето.
Какo да го понудите на нови клиенти
Без разлика дали одат на сончев одмор каде можеби ќе имаат потреба од смирување по ден поминат под жешките зраци, или пак на кампинг на планина, каде инсектите нема да ги остават намира, раскажете им колку корисен може да е ALOE VERA GELLY како средство за прва помош. А ако познавате некого – возрасен или дете, кој постојано се удира и гребе, споделете им колку смирува проѕирниот и лесен гел на Форевер.
СУПЕР СОВЕТ: чувајте го во ладилник за дополнителен ефект на ладење!
Aloe Heat Lotion
Популарноста на овој производ е сосема разбирлива. Има многу богата текстура, не масти, што го прави идеален за длабока и релаксирачка масажа. При нанесување создава чувство на ладење од алоето и ментолот, за да смири уште при првиот контакт со кожата, а потоа загрева, додека состојките како еукалиптусот ги релаксираат мускулите и даваат природно ароматично искуство.
Какo да го понудите на нови клиенти
Ако познавате човек кој сака спорт и фитнес, прашајте го како се чувствуваат мускулите по напорен тренинг. ALOE HEAT LOTION може да е точно тоа што го бара за нивното смирување и опуштање – совршена награда за вложениот физички напор. Или можеби познавате некого кој се занимава со физичка работа или редовно страда од различни болести. Раскажете му за одличните својства на лосионот!
СУПЕР СОВЕТ: нанесете мала количина на слепоочниците за да го смирите умот, особено по тежок работен ден!
Aloe Ever-Shield Deodorant
Секој сака да има сигурен дезодоранс и затоа ALOE EVER-SHIELD е толку популарен и продаван производ од нашата палета. Со смирувачката моќ на алоето, нуди целодневна заштита од непријатен мирис. Не содржи алуминиумски соли, што значи дека е доволно нежен за чувствителна кожа и по депилација.
Какo да го понудите на нови клиенти
Понудете им да го заменат дезодорансот кој го користат со ALOE EVER-SHIELD еден месец и да преценат дали им се допаѓа. Ако познавате човек со чувствителна кожа, можете да го препорачате производот за смирување на симптомите кои ги добива од обичен дезодоранс.
СУПЕР СОВЕТ: пакувањето е удобно за носење и не тежи, затоа не заборавајте да им кажете на клиентите дека алое дезодорансот може да биде насекаде со нив во текот на денот за повторно нанесување ако е потребно.
Forever Bright Toothgel
И децата и возрасните го сакаат FOREVER BRIGHT TOOTHGEL и тоа не е случајно! Гелот е нежен и ефикасно ги чисти забите, бидејќи има природни состојки и не содржи флуор, што значи дека може да го користи целото семејство, дури и домашните миленици! Пријатната арома на ментол го прави гелот за заби најомилен производ. FOREVER BRIGHT TOOTHGEL е и одличен начин за справување со наслагите и за одржување на добра орална хигиена.
Какo да го понудите на нови клиенти
Дали познавате родители кои се загрижени дека нивните мали деца може да голтнат флуор, додека си ги мијат забите? Гелот за заби на Форевер е одлична алтернатива. Кажете им дека децата многу ја сакаат зелената боја на гелот! А зошто да не го одржат и здивот на домашните миленичиња свеж со FOREVER BRIGHT TOOTHGEL?
СУПЕР СОВЕТ: гелот е исклучително економичен, бидејќи обилно се пени. За одлично миење на забите доволна е количина колку зрно грашок.
Aloe Propolis Crème
Лесно е да разбереме зошто ALOE PROPOLIS CREME е еден од најпопуларните производи на Форевер. Интензивно ја храни кожата со две од највредните состојки – чист гел од внатрешноста на листовите на алое вера и пчелен прополис. Заедно тие помагаат вашата кожа да одржува одличен тен и структура.
Какo да го понудите на нови клиенти
Кој не сака да има мека и еластична кожа? Препорачувајте им на клиентите да го заменат кремот за раце и тело и да го пробаат прекрасниот ALOE PROPOLIS CREME за секојдневна употреба, за да уживаат во неговите навлажнувачки својства.
СУПЕР СОВЕТ: носете го во вашата торба за хидратација во движење – особено погоден е сега кога се трудиме често да ги миеме и дезинфицираме рацете, бидејќи ги штити од прекумерно сушење и пукање.