Форевер летна нега

По материјали на Форевер Велика Британија

Летото е тука и многу е важно да се грижиме за нашата кожа додека уживаме на сонцето. Еве неколку совети за заштита, смирување и хидратација во летните месеци.

Во летната сезона имаме многу можности да сме надвор и да уживаме во благотворното влијание на сонцето – подобро расположение, витамин D и време во природа. Убаво е да размислуваме за летото како за период во кој треба да се грижиме за себе, додека уживаме во нашите активности на отворено. Без оглед дали сме во парк или на плажа, дали сме надвор од градот или седиме во градината, сите треба да се оттргнеме од секојдневието, но исклучително важно е и да се грижиме активно за кожата. Тоа е задолжително особено преку летото, за да се одржи здрава и блескава, како и да ја заштитиме од прекумерното изложување на ултравиолетовите зраци.

Кога сонцето ни доаѓа прекумерно?

UVA и UVB сончевите зраци се подносливи до определен момент зависно од бојата на нашата кожа, но прекумерното изложување може да доведе до предвремена појава на знаци на стареење, па дури и клетки на канцер. Американската национална медицинска библиотека вели дека „клиничките знаци на стареење имаат влијание од надворешни фактори и најмногу од изложувањето на сонце. Дури може да се каже дека ултравиолетовите зраци се причина за 80% од видливите знаци за стареење на лицето.“ UVB зраците ги оштетуваат надворешните слоеви на кожата и предизвикуваат изгореници. UVA зраците преовладуваат во сончевата светлина и можат дури и да продрат низ облаци и прозорци. Тие го напаѓаат средниот слој на кожата, што води до предвремено стареење и појава на брчки, фини линии, сувост и пигментација.

Форевер нуди многу производи кои помагаат за нега на кожата на целото семејство во летните месеци – од заштита и смирување, до враќање на изгубената влажност.

Заштита

Обновениот Protecting Day Lotion заштитува од ултравиолетовите зраци со природен минерален цинк оксид и ја храни кожата со комбинација од состојки за нега на истата.

Погоден е за сите типови кожа и нуди заштита од сонце со фактор 20, за да се спротивстави на предвременото стареење. Специјалната комбинација од масла вклучува екстракти од рицинус, канола, пустинска урма и сончоглед. Сите имаат висока содржина на есенцијални масни киселини кои даваат мекост и ја измазнуваат структурата на кожата. Нанесете го под шминка или пред да излезете надвор.

Aloe Sunscreen ви дозволува да уживате на сонцето, без неговите зраци да ја оштетуваат вашата кожа. Неговиот фактор 30 предлага заштита од UVA и UVB спектарот, за да смири, хидратира и штити додека сте на отворено. Тој е водоотпорен и не содржи нано-честици што го прави безопасен за морскиот свет. Минералната заштита од сонце одново е обезбедена од цинк оксид за одлична заштита со додаден витамин E и висока концентрација на алое. Нанесете обилно на сите откриени зони на телото на секои два часа или почесто, ако се потите или капете.

Смирување и нега

Aloe Vera Gelly е идентичен со внатрешноста на листовите на растението. Тој лесно се впива во кожата и ја смирува и навлажнува. Идеален е за секој тип кожа и пријатно лади и негува по цел ден на сонце. Одличен е за вашата домашна аптека.

Смирувачкиот состав на Aloe First вклучува алое вера, пчелен прополис и многу билки за нега на кожата. Удобниот спреј ублажува, навлажнува и го балансира кожното рН. Одличен е и за ублажување на каснувања или убоди од инсекти, кои често нѐ измачуваат во топлите денови и вечери. Погоден е и за заштита на косата од влијанието на околната средина. Мултифункционалниот спреј ви дава можност да го почувствувате брзото смирувачко дејство на алое вера секогаш кога имате потреба!

Враќање на изгубеното

Хидрантниот серум интензивно ја навлажнува кожата во длабочина со четири вида хиалуронска киселина. Тој создава штит, кој го штити лицето од агресивното влијание на околната средина и брзо се апсорбира во кожата, за да ја храни со билни екстракти и масни киселини. Нанесете го по чистење, но пред омилениот Форевер хидратант за оптимална ефикасност. Ако ја чувствувате кожата сува, употребувајте го наутро и навечер.

Додадете smoothing exfoliator пред производи за вештачки тен и следете ги со омилениот хидратант за тело како Aloe Body Lotion.

Сите предлози го дополнуваат вашиот козметички режим за чистење и нега со Sonya™ daily skincare system за мрсна и мешана кожа или infinite by Forever™ за сува и зрела кожа.

Споделете со пријатели:

Нагоре