За срцето со љубов

Форевер

Откријте ги придобивките и научната основа на Forever NutraQ10

Коензим Q10 е природен помошник на функцијата на срцето, но неговата количина во организмот се намалува со возраста. Forever NutraQ10 нуди дополнителни количини Q10 за поддршка на здравјето на срцето и циркулацијата. За да научимe повеќе за науката применета во основата на Forever NutraQ10, разговаравме со директорот за квалитет во Форевер - Кристофер Алтамирано, кој може да се пофали со повеќе од седум години искуство во контрола на квалитет, како и во истражувањето и развојот на додатоци на исхрана.

За која цел е развиен Forever NutraQ10?

Во срцето на формулата на Forever NutraQ10 е коензимот Q10, познат уште како убиквинон, за кој е клинички докажано дека придонесува за поддршка на кардиоваскуларната функција. Forever NutraQ10 содржи комбинација од витамини, минерали и растенија кои помагаат за намалување на оксидативниот стрес, придонесуваат за нормалната функција на крвните садови и ја поддржуваат мускулната функција и правилниот метаболизам. Генерално тие создаваат добра средина за оптимизирање на работата на срцето.

Зошто Q10 е толку важен за здравјето на срцето?

Коензимот Q10 се поврзува со многу аспекти на кардиоваскуларното здравје. Може да помогне за поддршка на здравјето на срцето, бидејќи ја поткрепува срцевата функција и ја стимулира циркулацијата. Forever NutraQ10 нуди безопасни и ефикасни дози Q10, кои му овозможуваат на кардиоваскуларниот систем да работи оптимално.

По што се разликува Forever NutraQ10 од другите слични производи?

Forever NutraQ10 содржи комбинација од витамини и минерали кои работат во тандем со коензимот Q10. Динамичната формула може да му помогне на телото во метаболизмот на нутриенти, да поддржува здрави нивоа на гликозата во крвта и нормална имунолошка функција. Производот е лесно сварлив напиток во прав со неутрален вкус кој ефикасно го поддржува здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Која е разликата меѓу формите на коензим Q10?

Многу производи со Q10 се достапни како меки капсули, течности или тврди капсули. Но континуираните тестови покажуваат дека коензимот Q10 е најстабилен во форма на прав, поради што го развивме Forever NutraQ10 на овој начин. Прашоците можат да се растворат во вода или во Forever Aloe Vera Gel за лесна консумација.

Како растителните состојки на Forever NutraQ10 го поддржуваат неговиот ефект?

Освен витамините, минералите и активните состојки на производот, тој содржи и растенија одбрани заради нивните антиоксидантни својства. Меѓу екстрактите се семе од грозје, куркума, босвелија и листови од маслинка. Иако немаат директна клиничка доза, четирите растителни состојки низ годините докажале дека ја поддржуваат циркулацијата.

Кои се придобивките од комбинирањето на фолната киселина со B витамини?

Црвените крвни зрнца го транспортираат кислородот низ целото тело. Витамините B6 и B12 придонесуваат за нивното нормално формирање во организмот. Витаминот B9 познат уште како фолна киселина, придонесува не само за нормалното формирање на крв, туку и ги поддржува артериите и крвните садови, поддржувајќи ја нивната еластичност и со тоа ја олеснува работата на срцето.

Кој е идеалниот корисник на овој производ?

Никогаш не е рано да започнеме да се грижиме за нашето срце. Forever NutraQ10 е погоден и за мажи и за жени, независно од нивниот начин на живот. Производот не е наменет за лекување на лица со кардиоваскуларни заболувања, туку е одличен додаток на исхрана за поддршка на нормалната функција на срцето и кардиоваскуларниот систем, плус добар метаболизам и имунитет.

* Опишаните производи за внатрешна употреба содржат витамини и минерали кои придонесуваат за поддршка на општото здравје, бидејќи помагаат за компензирање на дефицити од хранливи материи во организмот. Тие се додатоци на исхрана, не се замена за балансирана исхрана и не се наменети за превенција, дијагностицирање, третман или лекување на конкретна болест. Консултирајте сѐ со вашиот лекар ако страдате од некакво заболување.

Споделете со пријатели:

Нагоре