Волшебни мириси со порака

Форевер Бугарија

Создадени во чест на основачот на Форевер – Рекс Мон, фините парфеми МАЛОСИ и АЛОФА оддават почит на неговата длабока поврзаност со островите Самоа, нивниот народ и наследството кое тој го остави зад себе таму.

На самоански „малоси“ значи „моќ“, а „алофа“ – „љубов“. Овие два збора станаа составен дел од суштината на Форевер, бидејќи Рекс често велеше дека „Моќта на Форевер е моќта на љубовта“.

Задоволство за сетилата

Фините мириси на женскиот и машкиот парфем се елегантни и изработени со специјално одбрана комбинација од растителни есенции.

Волшебните мириси се развиени на базата на едни од најпродаваните парфеми во светот денес. Процентот на ароматични состојки и високиот квалитет на маслата кои се ставаат во нив е доволен за да ја заслужат дефиницијата „фин мирис“ што е дефиниција на „парфем“.

За неа

За создавањето на женскиот парфем АЛОФА Форевер се инспирираше од тропските плажи на Самоа и кристално чистите води на Пацификот, но и од гостопримството на нејзиниот народ.

Свежиот, волшебно топол и нежно цветен парфем со цитрусни ноти го отелотворува значењето на самоанскиот збор „алофа“ – „љубов“.

Богатиот мирис содржи внимателно одбрани растителни состојки кои ќе ви влеваат самодоверба во текот на целиот ден. Средните цветни ноти на сладок јасмин, неролија, тубероза и цвет на француски портокал се испреплетуваат со свежи горни ноти од портокал, мандарина и грејпфрут, дополнети со топлите базни ноти на сандалово дрво и мошус. Резултатот е елегантен парфем кој ја доловува суштината на женственоста.

Уметнички направениот мирис ги додава завршните детали на вашата секојдневна облека или тоалета за специјални пригоди.

За него

Убавата самоанска природа, но и силата на духот на луѓето кои ја населуваат полинезиската земја се поттик за создавањето на смелиот мирис на машкиот парфем МАЛОСИ. Како што веќе спомнавме, самоанскиот збор „малоси“ значи „моќ“ и сигурни сме дека машкиот мирис ќе ви даде самодоверба.

Експресивната и софистицирана арома на финиот парфем МАЛОСИ вклучува внимателно одбрана комбинација од растителни есенции кои пленат. Основните ноти на ветивер, пачули, сандалово дрво и уд се прелеваат кон средните – етерични масла од петигрен, коријандер, индиско оревче и ноти на чемпрес, смрека и гарденија, за да стигнат до свежите горни цитрусни ноти на лимон, грејпфрут, мандарина и бергамот.

Нивната комбинација создава добро балансиран машки парфем кој можете да го носите секој ден, но е идеален и за свечени пригоди.

Задоволство не само за сетилото за мирис

Покрај шармантните мириси на двата парфема на Форевер, воодушевува и нивното пакување. Двете шишиња се дизајнирани од самоански уметник и носат традиционални културни мотиви кои го пресоздаваат значењето на „малоси“ и „алофа“.

За оптимални резултати

Хидрираната кожа е поприемчива за мириси. Ви препорачуваме да го хидрирате телото со лосион без мирис за да извлечете максимум од парфемот. Можете да прснете малку зад линијата на вилицата, од внатрешната страна на зглобовите, во наборите на лактите, па дури и на колената. Така секој пат кога ќе ја помрднете главата, рацете и нозете, мирисот ќе се разнесе и околните луѓе ќе го доловат.

По правило, местата на телото каде јасно се забележува вашиот пулс се најдобри за нанесување на парфемот. Друг класичен метод е да прснете облак од мирис пред себе и веднаш да поминете низ него за рамномерно да се распредели.

Не заборавајте дека моќта и квалитетот на секој мирис се намалува, кога ќе биде изложен на топлина, светлина и воздух. Затоа ви препорачуваме да ги чувате парфемите на ладно и проветрено место.

Потопете ги вашите сетила во моќта и љубовта на самоанскиот народ со женскиот и машкиот парфем на Форевер!

Споделете со пријатели:

Нагоре