Контролирајте го ненаситниот апетит

Интервју со Кристофер Алтамирано

Откријте ги предимствата на Forever Sensatiable

Токму кога помисливте дека сте се справиле со креирањето на здрава диета, неочекувано ви се прикрадува искушението. За среќа имаме производ за такви случаи – Forever Sensatiable. Таблетите за џвакање со вкус на лимон се дизајнирани да го потиснат гладот за слатко до вашиот следен здрав оброк.

За да дознаеме повеќе за научното образложение на производот, разговаравме со директорот за квалитет на Форевер, Кристофер Алтамирано, кој може да се пофали со повеќе од осум години искуство во контрола на квалитетот, како и во истражувањето и развојот на додатоците на исхрана.

Кои се предимствата на додатоците на исхрана како Forever Sensatiable?

Иако не е дизајнирана како замена за оброк, Forever Sensatiable ни нуди нешто за џвакање и уживање помеѓу оброците, без да го нарушиме нашиот здрав режим. Forever Sensatiable е дизајниран да ве заштити од неразумно претерување со штетна слатка или солена храна. Значи, ако многу сакате да каснете нешто не толку здраво, Forever Sensatiable ќе ви помогне да го намалите апетитот, за да издржите до следниот балансиран оброк.

Како се роди идејата за производот?

Првично Forever Sensatiable беше достапен само како дел од програмата DX4, која помага за ребалансирање на телото и за рестартирање на некои од нашите навики. Додатокот на исхрана стана корисен за потиснување на апетитот за време на четиридневната програма. Видовме можност дополнително да им помогнеме на луѓето и во секојдневниот живот, затоа решивме да го предложиме производот за продажба и одделно.

Кога може да се зема Forever Sensatiable?

Додатокот можете да го земате кога чувствувате огромна желба за слатко или солено, или имате потреба од нешто брзо да ви го задоволи гладот. На пример, ако огладнете меѓу главните оброци, додека гледате филм или ако следите колку калории внесувате дневно и што јадете, Forever Sensatiable може да ви помогне да се справите со искушенијата и гладот до следниот основен оброк.

Кои се некои од клучните состојки на Forever Sensatiable и бенефициите од нив?

Таблетите содржат главно овес – древна зрнеста култура и одличен извор на влакна кои нѝ помагаат да се чувствуваме сити подолго време. Следната клучна состојка е хидролизат на протеин од квасец, за кој е докажано во клинички студии дека придонесува за чувството на ситост и може да помогне за слабеење при придржување до препорачаната дневна доза. Глукомананот е друг одличен извор на влакна и е како сунѓер – ја впива водата која ја внесувате со Forever Sensatiable, за дополнително да го поддржи чувството за полн стомак. И на крај – сушен природен мед, кој ги спојува состојките и нуди пријатна сладост.

Какви истражувања правевте за состојките и формулата на производот?

За време на развојот на Forever Sensatiable се фокусиравме на поединечните состојки – овес, квасец и глукоманан. Темелно ја истражувавме безбедноста и ефикасноста на секоја од нив. Специјално за хидролизат на протеин од квасец се правени клинички студии чии резултати ја поддржуваат неговата способност да придонесува за чувство на ситост.

Каков е вкусот на Forever Sensatiable?

Како колаче со крем од лимон! Лимонот има освежителна арома, но сакавме да додадеме и вкус на задоволство, и ги направивме таблетите лесно слатки и кремасти. Колачињата со крем од лимон ги исполнија сите овие барања и севкупниот вкус наForever Sensatiable нѝ дава чувство дека си угодуваме.

Споделете со пријатели:

Нагоре