Негувајте ја косата

Холи Стаут, Потпретседател за развој на производи на Форевер

Кога се грижиме за себе од главата до петите, можно е да не посветиме доволно внимание на скалпот и косата. Потпретседателот за развој на производи на Форевер -Холи Стаут, која има над 20-годишно искуство во создавање на козметика за кожа и коса, како и на додатоци на исхрана, сподели неколку совети зошто негата на скалпот и косата е многу важна.

Зошто е важно да ја негуваме косата?

Кога се среќавате со некого, првото нешто кое тој го забележува, се вашето лице и коса. Затоа е важно напорите што ги вложувате за вашето лице и тело да ја вклучат и косата. Косата често е занемарен дел од вашиот режим за здравје и виталност и за неа се потребни точните производи и внимание. Некои луѓе не се на јасно кои производи да ги користат за конкретни цели, а други дозволуваат да бидат доведени во заблуда за тоа како правилно да се грижат за косата.

За какви заблуди станува збор?

Многу луѓе не знаат дека шампонот е наменет за кожата на главата, а балсамот за врвовите на косата. Не ретко може да слушнеме дека не треба често да ја миеме косата со шампон и дека поретко треба да користиме балсам. За маслата за коса се смета дека ја прават мрсна прекумерно, а и дека рицинусовото и минералните масла се корисни за неа. Други поопшти заблуди се дека е нормално и безопасно да ја стилизираме косата секој ден со високи температури без заштитни производи, како и дека нема потреба да ја заштитуваме од агресијата на околната средина.

Кои се полезните својства на алое-јојоба шампонот на Форевер?

АЛОЕ-ЈОЈОБА ШАМПОНОТ содржи природни растенија и има висока концентрација на алое. Кога го масирате во скалпот, тој разградува пот, мрснотија, нечистотија и остатоци од производи за стилизирање на косата. Тој не чисти агресивно, но има доволно добри својства за миење, за да исчисти сѐ што е непотребно од скалпот и косата.

Со што е корисен алое-јојоба балсамот за коса на Форевер?

Најдобро е да нанесуваме АЛОЕ-ЈОЈОБА БАЛСАМ главно на врвовите на косата и поштедливо кон коренот. Изобилува со состојки чија функција е да ја расплеткаат косата и да ја направат лесна за чешлање. Доволно е лесен за да не ја сплескува косата и да ја прави свиленкасто мека.

Зошто двата производа на Форевер се уникатни?

Во повеќето други шампони и балсами на пазарот првата состојка на етикетата е вода. Во двата производа на Форевер на прво место е алое вера, бидејќи алоето смирува и потхранува заедно со научно одбрана комбинација од растителни екстракти и други состојки.

А што го издвојува маслото за коса на Форевер од останатите?

Некои масла за коса се полни со силикони кои остануваат по површината на косата и скалпот без да се апсорбираат, се акумулираат и пречат. Нашата цел беше да најдеме состојки кои ги исполнуваат функциите на силиконот – обезбедуваат хидратација и свиленкаста мекост, но се растителни и се апсорбираат, без да оставаат натрупувања и косата да не натежнува од нив. ПОТХРАНУВАЧКОТО МАСЛО ЗА КОСА на Форевер содржи високо квалитетни масла со ниска молекуларна тежина, кои брзо се апсорбираат од косата за разлика од мрсните масла со големи молекули кои се впиваат многу подолго.

Какво е дејството на потхранувачкото масло за коса на Форевер?

Маслата во производот се одбрани да ја измазнуваат косата и да ѝ даваат сјај. Со негова помош можете да го олесните расплетувањето и расчешлувањето на влажна коса која ја подготвувате за стилизирање, воедно е и идеален за обликување на сува коса.

Споделете со пријатели:

Нагоре