Чувствувајте сѐ подобро по само девет дена

според материјалите на Форевер Велика Британија

Ако сте пропуштиле можност да тргнете на патување кон подобро здравје и повеќе виталност во јануари, не се тревожете. Бидејќи пролетта наскоро ќе дојде – времето ќе се затопли, деновите ќе бидат подолги и ова е момент идеален за рестарт.

Сите се стремиме кон одреден начин на живот и килограми, но понекогаш околностите ни го расипуваат режимот и не ни останува време да си направиме план и да се придржуваме до него.

Тука е програмата C9, за да ви помогне. Таа е лесна за спроведување, трае само девет дена и ви ги обезбедува сите алатки за ударен почеток на вашето патување до подобра форма.

Здрава исхрана

Еден од најважните аспекти на секој здрав режим е што јадеме. Но не треба да заборавиме дека „идеалната“ диета е различна за секого и секогаш треба да избираме храна соодветна за нас.

Убавото во програмата C9 на Форевер е дека ви дава можност да ги следите целите за тоа како сакате да живеете и да изгледате, со следење на режимот за контрола на калории развиен од специјалисти.

Добивате и фантастични рецепти кои гарантираат дека нема да гладувате. Тие ќе ве запознаат со вкусни јадења од различни краишта на светот, кои нема непотребно да го оптоваруваат вашето тело.

Во прирачникот ќе видите и одлични рецепти за шејковите Forever Lite Ultra кои ќе ви предлагаат здрава и вкусна инспирација во текот на програмата.

Движење

Физичката активност е еден од најдобрите начини да си го подобрите здравјето и виталноста. Во зависност од тоа како претпочитате да се движите, таа често може да биде слободна. И нема потреба активноста да е тешка, доволно е постепено да го зголемите оптоварувањето и полека да ја градите издржливоста.

Програмата C9 ви олеснува со тоа што избирате какви тренинзи да правите и колку често. За секој ден имате избор од лесни до умерени вежби како брзо одење, аеробик во вода и истегнување.

Здрав дух во здраво тело

Вашиот став и начин на размислување имаат основна улога во вашиот пристап кон физичката активност, градењето на здрави навики на исхрана и постигнувањето на стабилни резултати на долгорочен план. Програмата за контрола на тежината C9 е еден од најефективните алатки за поставувањето на нов почеток.

C9 е дизајниран да ја врати контролата во вашите раце. Деветдневниот нискокалоричен режим може да ви помогне да изгледате добро, да се чувствувате подобро и да се движите кон подобро здравје и виталност. Дизајнирана да го ослободи телото од сѐ што е излишно, да го промени вашиот став и да ги трансформира вашата исхрана и фитнес навиките.

Можете да избирате дали програмата да биде со ароматот на ванила или чоколадо на протеинскиот шејк Forever Lite Ultra.

Пакетот ги содржи сите потребни додатоци на исхрана за програмата. Ќе добиете и прирачник за да го следите вашиот напредок.

Ќе успеете!

Иако чекорите изгледаат лесни за следење, патувањето до вашата пофина и поздрава фигура нема да е лесно. Но сигурни сме дека ќе успеете! Секој ден во кој се придржувате до програмата е победа која заслужува да биде прославена, а колку повеќе напредувате, толку полесно ќе станува.

ШТО СОДРЖИ C9?

Програма C9 вклучува детална девет-дневна програма со рецепти, вежби и корисни совети. Ќе го добиете следните производи:

Aлое Вера Гел (2)

Шејк Forever Lite Ultra (ванила или чоколадо).

Додаток во исхраната со гарцинија камбоџија

Форевер Фибер

Форевер Терм

Споделете со пријатели:

Нагоре