Совети за родителите за успешен старт на учебната година
Префрлањето од летен во училишен режим може да биде стресно за сите во семејството. Веројатно има многу работи кои поминуваат низ главите на родителите, особено ако се работи за сосема ново училиште и средина или доколку се работи за прв училишен ден! За да направите здрава, успешна и организирана транзиција кога ќе започне новата учебна година и новиот распоред и термини, погледнете ги овие совети наменети за родителите за успешен старт на учебната година.
Вратете се на старата рутина за спиење
За време на училишниот распуст, вашите деца веројатно биле будни до доцна и спиеле нередовно, така што враќањето во рутина за здрав сон може да биде во најмала рака предизвик. Се препорачува децата на возраст од шест до дванаесет години да спијат од 9 до 12 часа навечер, а тинејџерите да спијат од 8 до 10 часа навечер. Само не заборавајте да одржувате редовен распоред за спиење; воспоставете јасни правила, вклучително и исклучување на целата електроника и модерна технологија, како и обид за рано започнување на старите добри рутини и квалитетни навики. Плус, не заборавајте да ги миете забите пред спиење со Forever Bright Toothgel.
Започнете го правилно нивниот ден
Утрата честопати може да бидат тешки, но сакате да бидете сигурни дека вашите деца се соодветно подготвени за напорниот училишен ден што претстои со тоа што ќе им дадете хранлив и здрав појадок. Исто така, тоа е совршено време за поврзување и поминување квалитетно време како семејство. Предлагаме децата да го започнат денот со многу протеини и влакна, кои се надеваме дека ќе им помогнат да се чувствуваат задоволни додека не заѕвони ѕвончето за ручек.
Спакуваjте здрав ручек
Пакувањето здрав и хранлив ручек (прашајте ги вашите деца што всушност би сакале да јадат) треба да биде на врвот на вашата листа со задачи пред да започне денот. Тоа е совршена можност да се вклучи овошје и зеленчук, така што тие гарантирано ќе добијат барем еден здрав оброк од нивните пет во текот на денот.
Некои деца кои растат, особено оние кои не јадат разновидна исхрана, понекогаш не добиваат доволно витамини. Но има решенија! Геловите од алое вера на Форевер, кои се достапни во оригинални вкусови на праска, бобинки и манго се преполни со витамин Ц и се погодни за целото семејство.
ФОРЕВЕР КИДС е исто така одличен додаток кој на вашето дете ќе му ги даде сите хранливи материи што му се потребни, вклучувајќи витамин А, Ц, Д и Б12, железо и цинк.
Дознаjте како се одвива првата училишна недела
Првата училишна недела може да биде напорна. Децата се обидуваат да најдат време да се дружат со пријателите стекнати за време на летото, се обидуваат да се сетат на она што го научиле минатото полугодие, па дури и да се запознаат со нов наставник. За да ги олесните овие процеси, зошто да не разговарате со вашето дете и да проверите дали ја исполнило домашната задача што му била поставена или читањето на книгите зададени за време на летниот распуст?
Вежбаjте го мозокот пред да започнат
По толку многу време надвор од училиште, мозокот на нашето дете може да стане прилично мрзлив. Важно е да продолжите со рутините и интелектуално стимулативните активности за време на летните одмори, како што се читањето и пишувањето. Обидете сѐ да имате постојан работен простор во нивната детска соба или друг дел од домот кој е тивок, има ограничено одвлекување на вниманието и промовира учење.
Искористете го максимумот од свежиот воздух
Враќањето на часовите не значи дека вашите деца треба да се збогуваат со забавата на отворено. Направете навика да излегувате заедно откако ќе заврши училишниот ден; зошто да не одите на прошетка до паркот или со велосипед до продавница? Да се биде на отворено исто така ги охрабрува децата да се качуваат, скокаат, трчаат и паѓаат, создавајќи кондиција и флексибилност на мускулите, како и подобрување на нивните нивоа на енергија и зголемување на нивното чувство за позитивност.
Форевер вам и на вашите деца ви посакува успешна учебна година!