Изгореници од сонце? Алое вера ја храни кожата!

Форевер Македонија со материјали од Форевер Германија

Сите знаеме дека кога сонцето грее не треба да пропуштиме да се заштитиме од штетните ултравиолетови зраци со прогресивната комбинација од состојките на АLOE SUNSCREEN од Форевер. Густиот и ефикасен крем е водоотпорен, со заштитен фактор 30 и го штити целото семејство од UVA и UVB зраците, притоа ја навлажнува, смирува и негува кожата.

Но, колку и да се трудиме да сме секогаш подготвени и да имаме АLOE SUNSCREEN при рака, некој од летните денови секогаш може да нѐ изненади и да се најдеме незаштитени под летните зраци. Ако ви се случи вакво нешто и почувствувате дека кожата ви е зацрвенета и затегната, најважно е веднаш да ѝ обезбедите обилна хидратација! ALOE VERA GELLY на Форевер содржи 85% чисто алое од внатрешноста на листовите, кое ја смирува иритираната кожа и ги ублажува изгорениците од сонце. Оценката на независниот германски институт Дерматест за ALOE VERA GELLY е МНОГУ ДОБАР, што е уште еден доказ зошто производот е идеален за нега на кожата по изложување на сонце!

Изгореници од сонце и како помага алоето?

Кога ќе изгориме на сонце, природната заштита на кожата е преоптоварена. Дозата на ултравиолетови зраци е толку висока што пигментите во епидермисот не можат да го заштитат, формирајќи тен. Тогаш UV зраците непречено продираат во кожата и во најлошиот случај ја оштетуваат нејзината клеточна структура. Резултатот е црвенило и чешање кои обично се појавуваат по неколку часа. Но, кожата главно е многу прегреана и ја чувствувате жешка и затегната.

Човекот со векови користел алое вера за ублажување на лесни изгореници и иритации на кожата. ALOE VERA GELLY на Форевер ја негува кожата изложена на сончевите зраци и обезбедува интензивна хидратација за да ја врати нејзината рамнотежа. Често, по долго сончање, итно ни треба токму ова!

Изладете ја кожата

По топол ден на сонце ALOE VERA GELLY нуди прекрасно разладување. Едноставно нанесете го на лицето, вратот, рамената, деколтето или телото и опуштете сѐ. Со 85% чист гел од алое вера во својот состав, производот ја навлажнува и смирува кожата под стрес. Затоа е исклучително погоден за после сонце и при изгореници.

А нашиот совет за топлите летни денови е секогаш да чувате пакување од ALOE VERA GELLY во ладилник за дополнително освежување и разладување!

Навлажнете ја чувствителната кожа на лицето

Надворешниот рожнат слој на епидермисот ја складира влагата и образува резервоар кој може да компензира кога кожата е под стрес. Еднаш седмично грижете сѐ интензивно за лицето, каде рожнатиот слој е значително потенок отколку на друго место. Правете си маска со ALOE VERA GELLY – таа смирува, лади и го освежува лицето. Нанесете го желето обилно на нежно исчистена кожа и опуштете сѐ 15-20 минути – најдобро е да изберете мирна вечер за процедурата. Можете и да си легнете со оваа хидратантна маска и да оставите да делува цела ноќ. Следното утро ќе се чувствувате како преродени!

Олеснете ги каснувањата од комарци, па дури и тешки нозе

Во топлото време комарците и какви ли не други инсекти се насекаде. Ако нешто ве касне, брзо нанесете ALOE VERA GELLY на местото. Ќе видите дека чешањето и иритацијата брзо ќе поминат.

Жешките денови имаат уште еден несакан ефект – стапалата често ни отекуваат, што воопшто не е пријатно кога носиме сандали со тенки ремени. Нашиот совет е да нанесувате разладен во ладилник ALOE VERA GELLY на стапалата, листовите и бутовите. Ефектот е брз и веднаш ќе почувствувате олеснување.

Изберете 85% чисто алое вера

Следниот пат кога ќе барате производи со алое во аптека, запомнете дека повеќето од нив содржат незначителна количина од корисното растение, често помалку од еден процент. ALOE VERA GELLY на Форевер може да се пофали со 85% чист гел од внатрешноста на листот. Можете да бидете сигурни, бидејќи производот го носи печатот на Меѓународниот научен совет за алое, кој го гарантира неговиот квалитет и чистота.

Споделете со пријатели:

Нагоре