Дали се сеќавате на четирите главни фактори за успех?
Во првите четири месеци од годината детално ги разгледавме клучните показатели за успех во бизнисот на Форевер - СПОНЗОРИРАЊЕ, КОНЗИСТЕНТНОСТ, ПРОДУКТИВНОСТ и РАЗВОЈ.
Од нив зависи дали вашиот бизнис ќе биде стабилен и профитабилен на долг рок. Се надеваме дека добро ги совладавте и сакаме во месец мај да ги разгледаме заедно.
СПОНЗОРИРАЊЕ
Бидете похрабри, разговарајте со луѓето и споделувајте ја работата со барем уште една личност секој ден.
Прашајте ги дали би ги препорачале и продавале производите на нивните познаници и со тоа да го развиваат нивниот бизнис.
Користете ги социјалните медиуми и современите комуникациски технологии за да се поврзете со нови луѓе.
Потсетете сѐ на деталниот материјал за факторот СПОНЗОРИРАЊЕ
РАЗВОЈ
Одржувајте контакт со вашиот тим и одредете кој од вашите вработени оди напред. Фокусирајте ги вашите напори кон нив.
Планирајте заедно, обучете ги, помагајте им, охрабрувајте ги.
Не престанувајте да се стремите кон повисоки достигнувања.
Потсетете сѐ на деталниот материјал за факторот РАЗВОЈ
КОНЗИСТЕНТНОСТ
Научете ги вашите соработници да бидат активни со 4б и бидете им личен пример за тоа.
Редовно комуницирајте со вашата мрежа - информирајте ги, мотивирајте ги, покажете им дека се грижите за нив и дека ги цените.
Потсетете сѐ на деталниот материјал за факторот КОНЗИСТЕНТНОСТ
ПРОДУКТИВНОСТ
Фокусирајте сѐ на градење стабилна база на редовни клиенти и бидете креативни со нови интересни начини како да им понудите повеќе производи.
Лично Вие, пробувате производ што не сте го користеле досега. Заменете ги сите производи во вашиот дом кои не ви носат бодови со соодветни од Форевер.
Не престанувајте да учите за својствата и примената на производите.
Потсетете сѐ на деталниот материјал за факторот ПРОДУКТИВНОСТ
Еве го местото за повторно потсетување БАЛАНСОТ е исклучително важен за четирите фактори за успех на Форевер. Не дозволувајте вниманието што го посветувате на еден од индикаторите да ви ги троши времето и енергијата на другите. Рамномерно распоредете ги. Само на овој начин ќе го отклучите вистинскиот потенцијал на неверојатниот маркетинг план на Форевер и ќе ја отворите вратата кон слободата и животот за кој сонувате!