Четирите фактори за успех: КОНЗИСТЕНТНОСТ

Форевeр

Ја продолжуваме серијата материјали посветени на четирите основни фактори за раст на Форевер. Колку ќе биде здрав и профитабилен вашиот иден бизнис зависи од четирите клучни индикатори СПОНЗОРИРАЊЕ, КОНЗИСТЕНТНОСТ, ПРОДУКТИВНОСТ и РАЗВОЈ.

Веќе зборувавме за СПОНЗОРИРАЊЕТО, а сега ќе се фокусираме на вториот фактор за раст – КОНЗИСТЕНТНОСТ.

За градење на успешен и стабилен бизнис треба не само да создаваме нови контакти и да спонзорираме нови соработници, туку и да преземеме конкретни активности за да го задржиме нивното внимание на продуктите и бизнис можноста и така да ги задржиме како свои активни соработници подолго.

Можете сами да ја следите КОНЗИСТЕНТНОСТА во вашиот тим, ако проверувате во месечните извештаи за бонуси колку од соработниците во вашата мрежа се активни со 4 б. во соодветниот месец и колкав дел од нив не се ново-спонзорирани.

Комуницирајте постојано

Има неколку методи со чија помош можеме да ги зголемиме максимално тие два индикатори, бидејќи секој од нив бара постојана комуникација. Комуникацијата е клуч за задржување на интересот на соработниците за бизнисот. Не е тајна дека сите взаемни односи настануваат како резултат од комуникација и завршуваат кога таа ќе престане.

Сопствениците на Форевер бизнис од нашиот тим треба да бидат информирани и поттикнувани редовно, за да се чувствуваат ценети. Ако се однесуваме кон нив со почит и одржуваме постојан контакт, ќе направиме да чувствуваат дека се важен дел од успешен тим. Затоа е добро да стапувате во контакт со лично спонзорираните соработници барем еднаш седмично и најмалку еднаш месечно со членовите во длабочина. Овие разговори може да ги искористиме за да споделуваме новини од компанијата, да разговараме за различни аспекти на бизнисот, да обрнеме внимание на одделни производи, да ја понудиме нашата помош, да ги поканиме на средби и обуки, како и да ја изразиме својата радост што човекот е дел од нашиот тим. Сами изберете метод за комуникација – денес изборот е многу богат, но не се потпирајте прекумерно на средствата за масовна комуникација. Секое од нив може да се користи, но ниту едно не може да замени лично телефонско јавување или средба. Ако стекнеме навика да контактираме со соработниците на важни датуми за нив како родендени и годишнини, ќе им покажеме дека се грижиме за нив.

Фокус врз благосостојбата на другиот

При редовната комуникација со тимот, корисно е секогаш да зборуваме за бизнисот како за начин да им помагаме на другите. Така ќе им го пренесеме чувството за важна мисија – длабокото уверување дека имаме да им предложиме нешто многу корисно на другите, нешто што ќе им го промени животот на подобро. Таа го надминува стремежот само да реализираме заработка од продажбата на производи. Насочена е кон надвор и изразува вистинска загриженост за благосостојбата на другите. Природна последица од неа е и итната желба да го споделиме тоа што го предлагаме со колку може повеќе луѓе. Зошто Форевер може да им помогне да си ги исплатат долговите и да станат финансиски независни, како и да уживаат подобро здравје и самодоверба.

Форевер гордост

Чувството на гордост од компанијата исто е клучно за лојалноста на соработниците. Можеме да го негуваме кога им раскажуваме колку е силна и стабилна ФЛП. Добре е при секој контакт со тимот да истакнеме некоја од предностите на фирмата, а тие не се малку! Управувачкиот тим има кумулативно искуство во мрежната индустрија кое надминува 300 години. Производите се уникатни, имаат многу широка примена, ефикасно дејство и се 100% гарантирани. Маркетинг планот веќе 44 години ја предлага најдобрата можност за финансиска независност. Производствениот процес на компанијата е комплетно затворен, таа нема долгови и е присутна во над 160 држави во светот.

Лична употреба на производите и фокусираност

При комуникацијата со соработниците од нашата мрежа не треба да пропуштаме и да ги насочуваме да употребуваат колку може повеќе од производите на Форевер. Тие можат значително да го променат животот на секој што ги користи. Човек чие здравје и надворешен изглед се подобриле благодарение на употребата на нашите производи, најверојатно ќе продолжи да си ги купува, дури и само за лична употреба.

Друга тема за која често треба да разговараме со соработниците се нивните цели, бидејќи тие најдобро им помагаат да се фокусираат на градењето на бизнисот. Сите имаме склоност од време на време да се расејуваме, но ништо друго не е в состојба да нѝ го врати фокусот како јасната, концизна и напишана цел.

Признание и поддршка

Високо место во рангирањето на мотивирачките фактори зазема признанието за напорите и постигнувањата. Многумина, ако не и сите, повеќе би работеле за пофалби и признание, отколку за пари. Како лидер, вие не сте само тренер на својот тим, туку и публика која му аплаудира. Одвојте време за да го одбележите секое постигнување. Не штедете на пофалби, независно дали станува збор за првата продажба на производ, за првата самостојна презентација или за првиот спонзориран партнер. Ако често и великодушно го покажувате вниманието и почитта на вашите соработници, ќе си изградите однос со нив за цел живот.

Не помалку важна од признанието на постигнувањата е и поддршката во тешки моменти. Како и во секоја друга достојна активност, така и во бизнисот со Форевер, вашите соработници ќе се соочат со предизвици. На еден кандидат кој одговорил со „да“, може да има девет кои рекле „не“. Или може да се случи никој да не одговри на поканата за презентација на производи организирана од ваш партнер. Такви моменти не се надминуваат лесно, но би биле уште потешки ако нема кој да ви помогне и охрабри. Најдобрата форма на охрабрување е да се нагласи позитивниот аспект на секоја тешка ситуација. Освен тоа не треба да пропуштаме да му кажеме на соработникот дека не е единствениот кој се соочил со такви проблеми, како и дека разликата меѓу просечните сопственици на Форевер бизнис и лидерите лежи во одлучноста на вторите да се соочат со предизвиците и да ги надминат.

Парите исто така се важни

Друг важен фактор што ги држи луѓето во бизнисот е финансиското наградување, соодветно на вложениот труд и време. Нашите соработници го развиваат бизнисот за да реализират профит. Најдобриот начин да гарантираме дека трудот навистина ќе им се исплати е ако ги учиме на правилните принципи на мрежниот маркетинг, согласно Деловната политика на компанијата.

Најчесто среќавани практики кои ги лишуваат сопствениците на Форевер бизнис од заработувачка од долгорочен аспект се предлагањето на производи на крајни клиенти по пониски цени од препорачаните, како и купувањето на поголеми количини производи од моменталните потреби. Во никој случај не треба да ги насочуваме соработниците да купуваат производи со единствена цел побрзо издигнување до следното ниво во маркетинг планот или добивање на некоја награда. Такви „итрини“ можат да им создадат сериозни проблеми во понатамошниот развој. Треба да ги учиме дека единствениот пат до стабилен доход е преку градење на здрава основа чекор по чекор, преку спонзорирање на нови соработници и нивна обука да се активни со 4 б. секој месец.

Грижете сѐ за вашите луѓе

И да не заборавиме: „Луѓето одат таму каде се посакувани, остануваат таму каде што се грижат за нив и растат таму каде што им помагаат да се развиваат и ги насочуваат.“ Ако вашите партнери не се чувствуваат посакувани, згрижени и насочувани, најверојатно ќе отидат на друго место. Луѓето се најважното богатство во нашиот бизнис. Да ги усовршиме своите вештини за комуникација, за да се грижиме за нив и да ги задржиме!

Споделете со пријатели:

Нагоре