Четирите фактори за успех: РАЗВОЈ

Форевер

Колку ќе биде здрав и профитабилен вашиот иден бизнис зависи од четирите клучни показатели: СПОНЗОРИРАЊЕ, КОНЗИСТЕНТНОСТ, ПРОДУКТИВНОСТ и РАЗВОЈ. Во април посветуваме внимание на последниот (не и по важност) од основните фактори за раст во Форевер.

РАЗВОЈОТ се изразува во обука и поддршка на соработниците во тимот под вас, за да им помагате да напредуваат во маркетинг планот и да одржат добар баланс меѓу своите четири клучни индикатори.}

Создавањето на силни лидери во вашата организација е најдобриот начин да си гарантирате високи лидерски бонуси, кои ги нарекуваме и „пасивни доходи“. Пасивен доход е награда која доаѓа подоцна од времето и трудот кои во моментот ги вложувате во својот бизнис. Тој се генерира без вашето директно учество.

Графиконот го илустрира тоа со помош на две линии – хоризонталната претставува константен број часови месечно, посветени на градење на бизнисот, а косата – раст на различните бонуси и профити што ги добивате. Горната граница на овој вид доход ја достигнувате тогаш кога веќе немате повеќе време за инвестирање. Но, кога градите лидери кои продолжуваат да работат надвор од вашиот личен предел, вашите доходи веќе не се одредуваат од расположливото количество време. Ова лидерско наградување е навистина неограничено.

Обуката и поддршката на мрежата под вас се постигнуваат со одвојување време да им покажете на вашите соработници како да напредуваат на скалата на маркетинг планот, да ги инструирате и мотивирате.

За таа цел потребно е да ги преземете следните четири чекори:

  1. Идентификувајте ги луѓето од вашиот тим кои имаат сериозен однос кон бизнисот.
  2. Заедно со нив планирајте стратегија за раст и поставете си цели.
  3. Обезбедете им ефикасна обука и реална практична помош за да станат самостојни лидери.
  4. Водете ги и поттикнете ги да постигнат сопствен успех.

Можете да процените колку добро се справувате со развојот во вашата мрежа, ако одговорите на следните прашања:

  • Просечно по колку лични средби за планирање и поставување на цели одржувате со соработниците секој месец?
  • Во просек, по колку обуки организирате за соработниците секој месец?
  • Колку луѓе од вашиот тим се квалификувале за ниво или друга програма за стимулирање во последните шест месеци?

Клучот за вашиот успех како сопственик на Форевер бизнис лежи во одржување на баланс на трудот посветен на секој од четирите основни фактори: спонзорирање, конзистентност, продуктивност и развој. Ако внимавате колку време и енергија инвестирате во секоја од четирите области и направите соодветни корекции кога е потребно за да ја одржите рамнотежата меѓу нив, ќе си изградите растечки и стабилен бизнис кој ќе ви носи профит цел живот!

Споделете со пријатели:

Нагоре