Десет сoвети за мрежен успех

Форевер Бугарија

Многу луѓе бегаат од мрежниот маркетинг, познат и како мулти-левел маркетинг (МЛМ), поради многуте заблуди и митови околу овој тип на бизнис. Дел од негативизмот доаѓа од тврдењата за низок процент на успешност во МЛМ. Но вистината е дека веројатноста за неуспех во мрежниот маркетинг не е помала од таа во секој друг потфат. Независно каков бизнис од дома ќе започнете, успехот е резултат од вашата работа за негово градење.

Од некоја причина многумина не гледат на МЛМ активностите како на сериозен бизнис, како што е отворање франшиза или разработување на фирма од нула. Една од најважните работи кои можете да ги направите за вашиот успех е да се однесувате кон мрежната работа како кон бизнис, бидејќи таа е токму тоа.

Еве уште неколку совети кои можат да ви помогнат да ги подобрите вашите МЛМ активности во директните продажби.

Освежете го знаењето за мрежната индустрија

Наоружајте сѐ со знаење. Едуцирајте сѐ за индустријата на директните продажби како целина, научете го маркетинг планот на Форевер, запознајте сѐ со деловната политика и разговарајте со спонзорот. Вистината е што иако можете да се збогатите во МЛМ, според статистиката помалку од еден процент реално постигнува успех или добро заработува. Но, тоа не е вина на мрежната компанија. Повеќето спортисти никогаш не успеваат да стигнат до Олимпијада, но тоа не е вина на спортот или на олимписките игри. Секое големо постигнување бара знаење, труд и акција

Сакајте ги производите

Не можете да споделувате и продавате нешто со кое не се гордеете вистински. Запознајте ги производите, користејќи ги лично. Не се задлабочувајте во техничките информации за состојките или сложени објаснувања за дејството, не се правете лекари, нутриционисти или козметичари. Искрено споделувајте ги личните искуства и впечатоци. Претставувајте ги омилените производи лесно и разбирливо.

Бидете искрени и етични

Една од причините за лошата репутација на мрежниот маркетинг е што многу од претставниците користат претерано, па дури и погрешно рекламирање само за да привлечат нови соработници. Ова ги наведува многумина да веруваат дека самите МЛМ компании поттикнуваат такво однесување, а тоа не е точно.

Форевер инсистира да сте чесни во односите со клиентите и потенцијалните соработници. Ако ги сакате производите, вашиот ентузијазам е доволен за да ги промовирате. Обидете се да бидете умерени и да не правите преувеличени или погрешни тврдења.

Вашето добро и етичко бизнис поведение ќе гарантира дека вашите клиенти и кандидати нема да се чувствуваат измамени и да ве изостават.

Не ги збунувајте блиските и пријателите

Ништо не може да ги иритира вашите роднини и да ги избрка вашите пријатели како вашето постојано зборување за бизнисот. Нема ништо лошо да им кажете што правите и да видите дали некој ќе покаже интерес, но ако одговорот е „не“, прифатете го.

Кога го составувате списокот со 100+ имиња, природно е да ги вклучите луѓето од најблиската околина, но не ги тормозете. Предложете и ако немаат желба во моментот, оставете ги и одете понатаму. Во повеќето случаи вашите пријатели и блиски ќе се вклучат во бизнисот откако ќе видат дека вие постигнавте успех.

А успехот во МЛМ најчесто доаѓа кога се однесувате кон него како кон секој друг бизнис и се фокусирате на луѓето кои го сакаат тоа што го предлагате. Тоа значи да го одредите целниот пазар за производите и бизнис можноста.

Идентификувајте го вашиот целен пазар

Како и во секој друг деловен потфат, ќе постигнете поголем успех и ќе бидете поефикасни ако го најдете вашиот целен пазар и ги фокусирате маркетинг напорите кон него. Како што веќе спомнавме, не пречи да започнете со најблиските луѓе, но имајте едно на ум, дека некој што не се интересира за здравје, виталност, фитнес, козметика и додатоци на исхрана, не е вистинскиот ваш партнер.

Потрудете се да ги споделувате производите и бизнисот секој ден

Многу вмрежувачи ќе ви препорачаат да се концентрирате на спонзорирање на луѓе кои сакаат да градат бизнис. Но вистината е дека вашите доходи главно доаѓаат од продажбата на производите (вашата сопствена и таа на вашите соработници). Освен тоа, полесно е да ги претворите вашите клиенти кои навистина ги сакаат производите во бизнис соработници кои градат бизнис.

Како и кај секој друг бизнис (од дома или не), клучно за генерирање на нови клиенти и кандидати е да раширите како производите можат да бидат корисни за луѓето од целниот пазар. Некои идеи како да го направите тоа вклучуваат да давате тестери и да оставате производи за проба, да поканите свој сосед да стане домаќин на домашно претставување на производи, или да користите интернет и социјални мрежи.

Спонзорирајте, не регистрирајте

Една од предностите на МЛМ е можноста да привлечете нови соработници кои ќе градат бизнис и да заработувате од нивните продажби. Иако има луѓе кои сметаат дека ова е „експлоатација“, вистината е дека добивате награда кога им помагате на другите да успеат. Но за да успеат тие, мора да разберете дека вашата улога не е да регрутирате колку е можно повеќе нови луѓе туку да го водите и обучувате вашиот тим. Така фокусот се изместува од вас кон успехот на оние кои ги поддржувате во бизнисот.

Ова значи дека треба да одделите време да ги обучувате, да одговарате на нивните прашања, да ги славите нивните успеси и да им подавате рака кога им е тешко.

Поставете си цел за забави и презентации

Мрежниот маркетинг е бизнис на контактите лице в лице. На многумина овој аспект не им се допаѓа, особено во дигиталниот век, но реалноста е дека личниот однос ги продава производите и бизнисот, и благодарение на него вашите клиенти и партнери се задржуваат во вашиот тим.

Во зависност од вашите цели одредете на колку луѓе треба да им ги покажете производите и бизнис можноста за да ја постигнете целта во поставениот рок. Со овој пристап ќе бидете сигурни дека вашиот бизнис расте.

Слушајте и предлагајте решенија

Знаете дека во некои алатки и презентации има готови сценарија кои ќе ви помогнат да водите разговори. Тие може да ви се од помош за да воспоставите прв контакт, да научите повеќе за производите и да се справите со приговори, но самите продажби се кријат во тоа да дадете решение на потребите на клиента. Прво направете профил на човекот и потоа слушнете ги неговите потреби за да му предложите решение.

Разработете си систем за следење и следете го

Иако не треба да ги вознемирувате луѓето, во многу случаи доброто следење може да ви осигури продажба или нов соработник во иднина. Често во мрежниот маркетинг моментот е клучен, а „не“ не секогаш значи „никогаш“.

Ако некој ви откаже, но во разговорот имало нешто што сугерира дека може и да пројави интерес во иднина, прашајте го дали е согласен да го вклучите во вашата мејл листа, или дали има нешто против да се слушнете одново по половина година. Доста луѓе ќе ви дадат мејл адреса или телефон од учтивост, но сепак вклучете ги во вашиот календар за да добиете потсетување кога да се поврзете повторно со нив.

Споделете со пријатели:

Нагоре