www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
Алое Вера
АЛОЕ ВЕРА
 

Често е нарекувано "чудесна билка" или "лек од природата". Алое вера во себе крие многу изненадувања. Тоа најдобро расте во пределите каде што е застапена топлата и сува клима и затоа многу луѓе го сметаат за кактус, но всушност тоа припаѓа на семејството лилјани. Алоето ја задржува својата свежина во услови каде што други растенија би се исушиле. Алоето се заштитува од сушење со тоа што ги затвора порите и ја спречува загубата на потребната влажност. Постојат повеќе од 200 најразлични видови алое, но најценето за човештвото е лековитотo Алое Барбаденсис Милер (алое вера).

Древната пишана историја сведочи за својствата на алое вера кои се познати со векови. Терапевтските и лековитите квалитети ги издржале сите испитувања во времетраење повеќе од 5000 години. Во 1862 год. Георг Еберс ја открил историската вредност на алоето на eгипетски папирус. Во минатото грчките и римските лекари го користеле ова растение со голем ефект како лековито растение. Истражувачите откриваат дека ова растение е исто така познато во кинеската и индиската култура. Египетските кралици го користеле со цел да ја достигнат идеалната физичка убавина, а додека пак на Филипините го мешале со млеко, за лекување на бубрежни инфекции. Алоето исто така се споменува и во Библијата, а легендата кажува дека Александар Македонски го освоил островот Сокотра во Индискиот океан на кој растело алое и тоа со цел да му биде на располагање за лекување на ранетите војници. Брзиот прогрес на документираната медицина на запад и преселбата кон реоните со поумерена клима доведоа до намалување на популарноста и употребата на алое вера.

Во денешно време, иако медицината и лекарствата се ефикасни во лекувањето на повеќето болести, нивната континуирана употреба води до појава на контраиндикации. Тоа е причина зошто повеќето од корисниците и научниците се враќаат кон традиционалните и често природни терапии, кои беа запоставувани толку време. Како резултат на тоа, алое вера одново го привлекува вниманието, нудејќи многубројни благодети за нашето здравје и начин на живеење.

Сепак, популарноста на алое вера во областа каде што тоа не расте во целост се должи на патентираниот процес наречен стабилизација. Aко, на пример, земете едно јаболко, ако го расечете и оставите на отворено, овошјето за брзо време ќе потемни. Истото се случува и со алоето. Во природата проѕирниот гел што се наоѓа во внатрешноста на листот е добро заштитен од дебелата кора, со што го заштитува гелот од загуба на влага и штетното влијание на атмосферата. Процесот на оксидација започнува веднаш откако ќе биде отсечен листот, а ако тој не биде веднаш спречен голем дел од корисните својства на гелот се губат. Стабилизацијата претставува метод за зачувување на гелот што е можно најблиску до оргиналната форма, со што не би се загубиле делотворните и лековити својства на природниот гел. Без стабилизација настанува оксидација и расипување на гелот, дури и кога тој се лади. Форевер Ливинг Продуктс (ФЛП) е сопственик на патентиран процес на стабилизација, што ни дава можност да добиеме квалитетни производи без конкуренција.

 
| Факти од д-р Питер Атертон | Зощо да купуваме Алое од Форевер Ливинг? |
© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org