Што е алое вера?
Алое вера, често наречено „чудо од растение“, „природен лекувач“, „растение за изгореници“, има многу имиња кои опстојале 4000 или приближно толку години во текот на кој период оваа прекрасна билка му беше од корист на човештвото.
Георг Еберс во 1862 прв ја откри неговата антиквитетност на древниот египетски папирус, кој е датиран од 3500 п.н.е., што всушност претставува збирка на растителни лекови. Други истражувачи оттогаш имаат откриено дека алоето го користеле и древните кинески и индиски култури. Грчките и римјанските лекари како што се Дипоскорид и Плинти постариот го користеле во голема мера, а легендата кажува дека Аристотел го убедил Александар Македонски да го освои островот Сокотра во Индискиот Океан и да се здобие со големо количество на алое за да ги излечи своите ранети војници. Египетските кралици Нефертити и Клеопатра значително го ценеле како козметичка терапија, бидејќи во тој период здравјето и убавината биле поврзани многу повеќе отколку што се тие денес.
И покрај тоа што има преку 200 вида на алое, веројатно постојат само три или четири кои имаат медицински квалитети. Од нив алое Барбаденсис Милер, кое исто така е познато како алое вера (Лине), е најмоќното.
Алое вера е меснато растение и изгледа како кактус, но всушност тоа е член на семејството на лилјани поврзани со кромидот, лукот и аспарагусот. Тоа созрева за четири години кога содржината на неговите листови, мешавина од внатрешниот гел и надворешниот растителен сок можат да се соберат, сочуваат и флашираат со цел да создадат производ кој е многу близу до природниот растителен сок онака како што можеме да го добиеме.
За да се има корист од алое вера, гелот може да се зема внатрешно поради неговиот хранлив ефект или пак тој може да се комбинира со други состојки за да создаде врвни креми и лосиони за потхранување и подобрување на квалитетот на кожата.
Кој вид на алое?
Не постои вистински доказ кој укажува дека целиот
лист на алое, кој што ја вклучува и кората, кој е филтираран и
концентриран, е поефективен отколку само внатрешниот гел и растителен
сок од листот. Сепак, она што е најважно е квалитетот и квантитетот
на алое во производот што се продава. За жал, многу производи
на пазарот кои се етикетирани како "џус од алое вера"
може да содржат само мала количина или пропорција од самиот внатрешен
гел на листот. Ако се двоумите побарајте го печатот на одобрување
на Меѓународниот научен совет за алое. Тоа е независен американски
регулаторен орган кој го следи квантитетот и квалитетот на алое
во производите. Ако нивниот печат на одобрување го има на пакувањето,
тоа значи дека производот што го имате во вашите раце е вистински
и содржината на алое во него целосно одговара на потребите и барањата.
Зошто алоето дејствува?
Тоа дејствува преку обезбедување на богат
коктел на хранливи елементи, чие комбинирано дејство и баланс
создаваат помоќен ефект заедно отколку што би се очекувало од
додавањето на поединечните компоненти. Тоа е поради тоа што тие
дејствуваат како тим, зголемувајќи го ефектот едни на други-што
е познато како синергизам. Тоа исто така има адаптогени својства
што значи дека различни индивидуи го земаат од него она што им
е потребно, па затоа бенефитот варира од лице до лице.
Каде алоето дејствува?
Алое вера, поради своите хранливи квалитети
и антиоксидантни својства, најпрво помага да се спречи повреда
на епителните ткива, а кога тие се оштетени таа го поттикнува
лечењето. Антиоксидантите се борат со деструктивните "слободни
радикали", нестабилните соединенија создадени од нашиот метаболизам
и кои можат да се најдат во загадувачите на животната средина.
Се смета дека тие предизвикуваат некои болести вклучувајќи ги
и некои видови на карцином, а исто така придонесуваат во процесот
на стареење. Епителот претставува анатомски термин кој се дефинира
на следниот начин:
"Епителот претставува слој на клетки кој го покрива телото или ја обвиткува празнината која е поврзана со него".
Нашиот најголем епител е нашата кожа, но исто така тука спаѓаат и обвивките на цревата, бронхијалните цевки и гениталниот тракт. Не е ни чудо што алоето дејствува на оштетена кожа исто онолку колку што тоа дејствува да речеме на воспалени црева или астма.
Како алоето дејствува?
Неговото анти-инфламаторно и антимикробално
дејство комбинирано во неговите хранливи составни делови влијаат
врз растењето на клетките, а со тоа и врз лекувањето. Сепак, тоа
не им помага само на луѓето со проблеми: повеќето луѓе кои го
консумираат кажуваат дека имаат зголемено чувство на добросостојба
- тие само се чувствуваат "подобро" или тие кажуваат
дека се чувствуваат смирени или помалку вознемирени.
Верувам дека последниот коментар е резултат на ефектот што алое
вера го има врз нивниот имунолошки систем за кој што може да се
каже дека се балансира или регулира и затоа е поефикасен при одбраната
на телото од напад.
Заклучок
Алое вера не е панацеја (лек) за сите болести
и нема никаква магија во врска со него. Јас верувам дека тоа дејствува
само во две области кои пртетходно ги споменавме- епителното ткиво
и имунолошкиот систем. Тоа во голема мера е поткрепено со анедоктални
докази, бидејќи многу илјадници луѓе со векови имаат кажано за
користа при различни кожни заболувања како што се егзема, псориаза,
чир, изгореници, акни, па дури и убоди и гризнувања. Тие откриле
олеснување од цревни нарушувања, како што се воспаление на дебелото
црево (colitis, diverticulis) и синдром на вознемирени црева.
Други состојби кои се резултат на нарушен имунолошки систем како
што се артритис, астма и МЕ (поствирусен синдром на мачнина) и
ЛЕ (lupus) се имаат подобрено откако се конзумирал алое вера гел.
Затоа алое вера игра комплементарна улога во справувањето со различни
состојби. Но сепак, многу е важно тоа што луѓето треба секогаш
да побараат совет од својот лекар кога не е сигурна дијагнозата
или пак кога состојбата не се подобрува. Сами да си ја одредите
дијагнозата е крајно опасно бидејќи многу сериозни состојби можат
да наликуваат на многу поедноставни состојби.
Во внатрешноста на листот на алое вера
Алое вера гелот содржи повеќе од 75 познати
состојки кои можат да се поделат на следните групи:
- Витамини
Тоа содржи широка палета на витамини, но најважните се антиоксидантните
витамини Ц и Е и бета каротин, предходникот на витаминот А.
И исто така е едно од неколкуте растенија во светот кои се
извор на Б12 - така е многу корисно за вегетаријанци и оние
кои се строги вегетаријанци.
- Минерали
Тука спаѓаат магнезиум, манган, цинк, бакар, хром, калциум
натриум, калај и важниот антиоксидант селенот.
- Аминокиселини
Човечкото тело има потреба од 22 аминокиселини, кои се основа
на протеините, а алое вера гелот обезбедува 20 од нив. Што
е уште поважно, тоа содржи седум од осумте есенцијални аминокиселини
кои што телото не може да ги создаде и поради тоа мора да
се конзумираат како храна.
- Шеќери
Тука спаѓаат муко-полисахариди кои дејствуваат врз имунолошкиот
систем, а исто така помагаат да се детоксицира телото.
- Ензими
Липаза и протеаза кои ја разградуваат храната и помагаат при
варењето.
- Масни киселини
Трите главни типови дејствуваат како моќни антиинфламаторни агенси.
- Лигнини
Оваа дрвенеста супстанца му ја дарува на алое вера способноста да продира длабоко во кожата.
- Сапонини
Тоа се сапунести супстанци кои имаат моќен анти-микробски ефект против бактерии, вируси, габички и воспаленија како кандида или "воспаление на слузницата".
- Антахинини
Најважните се алоин и емодин, но заедно тие се јак ублажувач на болка и потврдено е дека поседуваат анти-бактериска и антивирусна моќ. Во нивна чиста форма тие се многу моќни лаксативи.
Д-р Питер Атертон
MB ChB. D. Obst. RCOG. MRCGP.
Се квалификувал во 1968 на Универзитетот во
Лидс и после шест години во Медицинскиот корпус на кралската армија,
тој станува општ лекар. Во моментот тој е постар соработник во
праксата за обука со посебен интерес во дерматологијата, откако
помина три години работејќи во одделот за дерматологија на подрачната
болница. Овој интерес во комбинација со сфаќањето за моќта на
растителните лекови со кое се здоби додека работеше на Далечниот
Исток и Индија доведоа до неговата фасцинираност со алое вера.
Тој интензивно држи предавања за медицинските аспекти на алое
вера и во моментот работи на својот прв прирачник за оваа проблематика.
Овој проспект е наменет за едукативни цели и не претставува документ
за некои одредени производи кои содржат алое вера.
|